3.8 C
Скопје
23:26 - 20 декември, 2024

Кои беа жените на Пеле – три брака и 7 деца: „Не бев добар татко, работев премногу“

Едсон Арантес до Насименто или попознат како Пеле го сакаше фудбалот, но и жените. И тој самиот никогаш не го криеше тоа. Приватниот живот на Пеле отсекогаш бил во центарот на озборувањата, а имаше и зошто.

Бразилскиот фудбалски шампион своевремено изјави дека сака неколку жени и дека има деца за кои дознал дури подоцна. За време на претставувањето на документарниот филм на Нетфликс за неговиот живот, Пеле рече: „Искрено, имав многу врски, од кои некои резултираа со деца. Многу подоцна дознав за нивното постоење“.

Првата сопруга на Пеле беше Роземери дос Реис Чолби. Тој ја запознал кога имала 14 години и ѝ се додворувал речиси 8 години пред да ја ожени на 21 февруари 1966 година. Од нивниот брак се родиле три деца Кели, Едињо и Џенифер, а Пеле и Роземери се развеле во 1982 година.

Потоа Пеле влегол во врска со Марија да Граса Менегел, позната како Марија да Грака Ксукса, ТВ водителка, актерка и пејачка. Љубовта траела 5 години, исполнета со неверства и пресврти, што отишла дотаму што тој рече дека станува збор за „отворена врска, но отворена е само за него“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FootTheBall (@foottheballofficial)

Во 1994 година, Пеле на 50-годишна возраст се ожени по трет пат, со Асирија Сеиксас Лемос, психолог и госпел пејачка помлада од него 16 години. Од третиот брак ги има близнаците (1996 година), Џошуа и Селест. Парот се разведе во 2008 година.

Подоцна ја запознал бразилската бизнисменка со јапонско потекло, Марсија Цибеле Аоки, 41-годишна претприемачка за медицинска опрема, добро позната во Њујорк. Во 2016 година, по шест години врска, парот се венча. Тогаш Пеле имаше полни 75 години. Марсија остана блиску до него до неговата последна воздишка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diario Primicia (@diarioprimicia)

Од познатите врски, двапати беше во љубовна романса со две  кралици на убавината – Деис Нунес де Соуза и Флавија Кавалканти во 80-тите години.

Има две вонбрачни ќерки, една законски признаена, Сандра Мачадо, но која тој самиот никогаш не ја призна ниту запозна. Подоцна, Сандра напиша книга наречена „Ќерката што кралот не ја сакаше“. Пеле своевремено призна дека токму оваа книга многу го посрамотила. Сандра почина од рак во 2006 година, без никогаш лично да го запознае својот татко. За разлика од Сандра пак, Флавија Кристина Курц Насименто, родена од љубовната приказна со новинарката Ленита Курц, имала повеќе среќа да го носи неговото презиме.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....