2.8 C
Скопје
02:35 - 14 март, 2026

„Кога ќе ми ги вратиш оние 8.000 евра?“: Хрватски менаџер тврди дека познатата пејачка го измамила

Хрватскиот организатор на концерти Марио Ловриќ тврди дека ѝ позајмил на Селма Бајрами 5.000 евра за да направи две нови песни, а потоа таа побарала уште 3.000 евра за да му ги даде на Дејан Абадиќ, но сè уште не му ги вратила, пишува „Курир“.

„Навистина сум разочаран и згрозен од работите со кои се занимава Селма. Иако ми вети дека ќе ми ги врати парите, ништо. Сега објави песна, работи, пееше сега во Америка, заработува, но не ми враќа. Селма ме блокираше на телефон и жално е што некој се занимава со такви работи. Јас и помогнав кога плачеше за пари, а сега нема да одговара и да ги врати парите. Не ми е гајле толку многу. Јас сум успешен маж, но неправдата ме боли и јавно ја прашувам ‘Селма, кога ќе ми ги вратиш парите?’“, изјави Ловриќ за „Курир“.

Да потсетиме, Селмин Џемо, менаџерот на пејачката Селма Бајрами, претходно изјави дека целата приказна нема врска.

„Таа приказна не е важна. Ако нешто не му е јасно нека ме контактира. Таа едноставно немаше никаква врска со тоа. Му оставив да организира настапи низ Хрватска, направи еден настап, кој не го почести“, изјавил Џемо.

Фотографијата од преписката меѓу менаџерот и пејачката може да ја видите ТУКА.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....