6.8 C
Скопје
19:06 - 19 февруари, 2026

Кисинџер во Давос со решение за војната: „Украина треба да ги предаде териториите окупирани од Русите и веднаш да почне преговори со Путин“

Хенри Кисинџер (98) го повика Западот да престане да се обидува да им нанесе крупен пораз на руските сили во Украина, предупредувајќи дека тоа ќе има катастрофални последици за долгорочната стабилност на Европа.

Хенри Кисинџер на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, рече дека Западот треба да престане да се обидува да ѝ нанесе крупен пораз на Русија. Според 98-годишниот поранешен државен секретар на САД, Украина треба да се откаже од територијата и да започне преговори „пред да се создадат потреси и тензии кои нема лесно да се надминат“.

„Идеално, линијата на демаркација треба да биде враќање на претходното статус кво. Да се продолжи со војна надвор од таа точка нема да биде за слободата на Украина, туку за нова војна против самата Русија “, рече тој на конференцијата во понеделникот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bijan Tafazoli (@bijan.tafazzoli)

Кисинџер рече дека би било „фатално“ Западот да биде обземен од „расположението на моментот“ и да ја заборави позицијата на моќ на Русија во Европа.

Според „Телеграф“, поранешниот американски државен секретар објаснил дека Русија е „суштински дел од Европа“ повеќе од четири века и дека европските лидери „не смеат да ги изгубат од вид долгорочните односи“. Ризикот би бил да се доведе Русија во цврст сојуз со Кина.

Тој исто така рече: „Се надевам дека Украинците го комбинираат херојството што го покажаа со мудроста“.

Русија нема да присуствува на состанокот во Давос оваа година, откако организаторите ѝ забранија на Москва да испрати делегација. Знак за тоа колку Путин стана изолиран на светската сцена.

Слични објави

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо
Се вчитува....