-2.2 C
Скопје
02:46 - 22 ноември, 2024

Ким Џонг Ун пристигна во Русија со легендарниот зелен воз: Однадвор старомоден, внатре – „вреска“ од луксуз

Ова е прва посета на Ким во странство по повеќе од четири години и прва по пандемијата на коронавирус. На средба со Путин, Ким Џонг Ун пристигна во легендарниот оклопен воз од ерата на Студената војна.

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун на своите ретки патувања надвор од земјата секогаш оди со големиот, препознатлив теретен воз во зелена боја, уште од 2018 година кога со возот заминал на патување во Пекинг. Блиндираната грдотија веќе со децении го привлекува вниманието на јавноста, уште од времето кога со него се возел дедото на Ким, а потоа и татко му, Ким Џонг Ил.

Така, не беше ништо невообичаено што Ким Џонг Ун пристигна во Русија на средба со рускиот претседател Владимир Путин токму со овој воз кој е во сопственост на неговото семејство.

Поради тежината се движи со 60 километри на час

Како што објави севернокорејската телевизија во 2011 година, Ким Џонг Ил починал токму во зелениот воз кој бил негово омилено превозно средство бидејќи се плашел да патува со авион. Го користел и како стожер за време на Корејската војна.

Ширум земјата изградил низа сигурносни куќи, а повеќето од нив се наоѓале во близина на железничките станици – дури до деветнаесет од овие куќи можело да се стаса единствено со зелениот воз. Некои места на кои можело да се пристапи со оклопниот воз биле под земја.

Возот го користеле дедото и таткото на Ким, а сега со задоволство го користи и Ким Џонг Ун. Впечатливиот воз има оклоп, отпорен е на куршуми и на некои ракети, вооружан е, и располага со околу 90 луксузни вагони. Овие вагони редовно мора да бидат „светнати“ однадвор кога Ким влегува или излегува од возот, па често се чистат и речиси додека возот сè уште е во движење.
Има модерна комуникациска технологија, сателитски телефони и бројни сигурносни мерки. Поради тежината, возот се движи со брзина од најмногу 60 километри на час. Составен е од три композиции – првата служи за извидување, во втората најчесто е Ким, а во третата се делегацијата и персоналот.

Во вагоните за состаноци Ким ги угостува другите државници, меѓу кои бил угостен и претседателот на Кина, Си Џинпинг, и тоа на најексклузивните розови кожени фотелји.

Константин Пуликовски, руски функционер кој патувал со возот, во друштво на Ким Џонг Ил, во 2001 година, раскажал дека возот е полн со ковчези полни со скапоцени пијалоци, но и со француски вина кои се носат директно од Париз. Додал и дека бил послужен со различни специјалитети како јастог и кавијар.

Се верува дека Ким Џонг Ун љубовта кон луксузот ја наследил од татка си, па и денес тука се служат швајцарски сирења и шампањ „Кристал“.

Сепак во возот важи една апсолутна забрана – нема пушење пури ниту цигари. Оваа забрана ја почитува и самиот Ким, кој кога сака да запали цигара, уредно прави пауза и излегува од возот.

Зелениот воз пропатува и низ тогашна Југославија

Севернокорејските лидери овој воз најчесто го користеле за патувања во Кина, а кога со него патувале во Русија имале и организирано престојување за одмор во одредена земја.
Најдолгото патување на Ким Џонг Ил со овој воз било во 1984 година, кога тргнал на пат да ја посети секоја социјалистичка земја од Источна Европа, меѓу кои била и тогашна Југославија.
Во август 2011 година, Ким Џон Ил со зелениот воз отишол во посета на Дмитриј Медведев во Улан-Уде (главен град на Бурјатија, Русија), оддалечен дури 4.500 километри.
Иако изгледа старо и скромно, внатрешноста на возот е многу луксузна, како што пренесуваат јужнокорејските медиуми.

Освен внатрешното уредување кое „вреска“ од луксуз, со кожени фотелји и сите други удобности, на патниците долгите патувања им се олеснети и со бројни специјалитети кои редовно се подготвуваат во возот од врвни готвачи.

Сепак, и покрај фамата која се крева за возот, ретко кој успеал да ја сними неговата внатрешност.

Слични објави

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Еспресо

(Фото) Босански пејач доживеа сообраќајна несреќа во центарот на Белград! Автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

(Фото+видео) Неда Украден подготвена за куќната слава, пејачката виткаше сарма со внуката

Еспресо

(Фото) Тело како на божица! Наташа Беквалац во проѕирен тил ги покажа градите и рамниот стомак

Еспресо

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Еспресо
Се вчитува....