8.8 C
Скопје
22:45 - 19 февруари, 2026

Ќерката на Брус Вилис покажа како ѝ се променило телото по анорексијата: „Четири години се борев и не сакав да зборувам за тоа“

Ќерката на актерот Брус Вилис и Деми Мур, Талула објави фотографија по лекувањето од анорексија. Фотографиите таа ги сподели на социјалните мрежи.

Талула Вилис на својот  Инстаграм профил објави фотографии на кои позира во краток топ и шорцеви, покажувајќи го нејзиниот стомак.

„Во изминатите четири години страдав од анорексија нервоза, за која не сакав да зборувам. Погледнете го моето здраво тело!“, напиша ќерката на Брус Вилис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tallulah (@buuski)

Таа исто така додаде дека била во болница во Малибу за да се справи со нарушувањето во исхраната и со депресијата.

Деми Мур и Брус Вилис беа во брак околу 13 години, од 1987 до 2000 година. Актерите имаат три заеднички деца: Румер (34), Скаут (31) и Талула (28). По разводот, во 2009 година, Брус се ожени со моделот и актерка Еми Хеминг, која е 23 години помлада од него. Двојката има две ќерки: 10-годишната Мејбел Реј и 8-годишната Евелин Пен. Што се однесува до Деми Мур, таа се уште е слободна. Во ноември оваа година, актерката раскина со готвачот и сопственик на ресторан Даниел Хам, кој е 13 години помлад од неа, помалку од една година по започнувањето на врската.

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....