09:46 - 10 ноември, 2026

(Фото)„Нашиот тим ви ветува задоволство“:„Ролинг стоунс“ на необичен начин го навестија својот прв албум по речиси 20 години

Се чини дека легендарниот бенд „Ролинг стоунс“ го најави новиот албум на прилично необичен начин – со оглас во локален весник.

Преживеаните членови, сега во своите 70-ти и 80-ти години, го избраа лондонскиот „Хакни газет“ за да откријат детали за претстојниот албум.

За неупатените, рекламата може да изгледа како незабележливо известување за нова локална продавница. „Хакни дајамондс, специјалисти за поправка на стакло, отворање во септември 2023 година“, пишува на третата страница на весникот.

Под огласот има уште навестувања. „Нашиот тим ви ветува задоволство (satisfaction). Кога ќе кажете – понудете ми засолниште (gimme shelter), ќе ви ги поправиме искршените прозорци“, пишува во огласот.

Фановите на легендарниот рок-бенд заклучија дека рекламата е всушност најава за 31. студиски албум на бендот.

Тоа би бил и нивни прв албум без тапанарот Чарли Вотс, кој почина во 2021 година.

Фановите на „Стоунс“ во рекламата најдоа многубројни референции, од историјата на бендот, стиховите и иконографијата. Рекламата за Hackney Diamonds, всушност, ги содржи стиховите на најпознатите хитови на бендот и вели дека продавницата е основана во 1962 година, истата година кога и „Стоунс“. Вклучува и линк до веб-локација, која ги прикажува условите за приватност под музичката етикета на „Јуниверзал“.

Слични објави

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо
Се вчитува....