11:21 - 11 ноември, 2026

Ќе ве боли главата кога ќе слушнете колкава телефонска сметка плаќа Аца Лукас: Неговата мајка врескала кога ја видела сумата

Познатиот српски пејач Аца Лукас е на сцената повеќе од 25 години, па не е чудно што заработил многу пари, но тој е еден од оние кои никогаш не воделе премногу сметка за што ги трошат.

За тоа колку бил штедлив зборуваше при гостувањето во емисијата „Ексклузив најт“, велејќи дека неговата мајка Видосава била шокирана кога ја видела неговата телефонска сметка.

– Мајка ми еднаш ја доби мојата телефонска сметка и почна да вреска. Бев пријавен извесно време кај неа на адреса. Ми се јавува мајка ми и ми вика: „Дојде сметка за твојот телефон“, ѝ велам „Па дојде и што“, „Па како можеш да платиш 70.000“, си мислам, како 70.000, јас плаќав 150, 200, 220, 250 илјади. Знаеш, роаминг, ѝ велам да ја донесе сметката. Сметката беше 700.000. Таа ја видела  нулата, но воопшто не ја регистрирала. Не сакала ни да помисли дека е можно на сметката да има пет нули – раскажал Лукас за споменатата емисија.

Инаку, Аца Лукас неодамна беше на премиерата на филмот снимен според животот на пејачот наречен „Покидан“ (Искинат), на која биле присутни и неговите колеги и семејството.

Во публиката биле мајката на Аца, Видосава Вуксановиќ, како и најстариот син Лазар Вуксановиќ, придружуван од сопругата Ана, атрактивна бринета со која се ожени минатата година.

Во белградската Арена била и ќерката на Аца, Викторија, која српскиот фолкер ја доби од третиот брак, со Соња Вуксановиќ, заедно со полусестрата Софија Шашиќ, ќерката на пејачот Жељко Шашиќ и споменатата поранешна сопруга на Аца.

 

Слични објави

Водителката Сања Савеска со ново видео повторно ја разгоре љубопитноста за својот љубовен живот: „Зошто сум сингл?“

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Јелена Карлеуша ја запознала мајката на 24 години помладиот партнер: „Поубава е од мене, вистински супермодел“

Еспресо

Десерт за славската трпеза — рецепт за посна торта „Реформ“ со ореви и чоколадо

К.С.

Дневен хороскоп за 11 ноември: Денот е поволен за размена на идеи, но не брзајте со донесување на големи одлуки

apostolova

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо
Се вчитува....