3.8 C
Скопје
22:07 - 20 декември, 2024

Ќе се снима филм за Ксенија Пајчин, која беше убиена пред 14 години

Пред повеќе од 14 години беше убиена Ксенија Пајчин, пејачка која многумина ја сметаа за најубавата жена во Србија. Таа имаше 33 години.

Нејзиното момче Филип Каписода на 16 март 2010 година ја убил во нејзиниот стан во Белград, а потоа се самоубил.

Сега за Ксенија ќе се снима филм, пренесува „Нова.рс“. Актерот Раде Ќосиќ, кој ќе биде копродуцент во оваа продукција, изјави дека филмот нема да се занимава само со тој дел од нејзиниот урбан и контроверзен живот, туку дека приказната ќе почне од почетокот на нејзиниот живот.

„Ќе биде игран филм, го имам целото сценарио. Ќе правиме кастинг низ целиот регион, ќе бараме девојка која покрај физичкиот изглед мора да има и сличен лик како што имаше Ксенија. Дури физичкиот изглед и не е толку важен како ликот, тој филм ќе биде споменик на Ксенија“, изјавил Раде за српските медиуми.

„Филмот ќе биде важен за сите жени во Србија и пошироко. Преку херојството на Ксенија, тие ќе разберат дека ништо не е залудно“, додаде тој. Тој тврди дека и мајката на Ксенија се согласила да сними филм за животот на нејзината ќерка.

Потсетуваме, според извори блиски до истрагата, телото на Ксенија Пајчин било пронајдено во ходникот, а телото на Филип Каписода во собата, додека до него бил пиштол. Пејачката имала влезна и излезна рана на главата, додека Каписода имал само излезна рана на скалпот, што укажувало дека Каписода ја убил Ксенија, а потоа си пукал во уста.

Двојката наводно се расправала со денови пред таа кобна вечер во 2010 година, а се скарале поради љубоморен испад, кон кој бил склон Каписода. Драгана Мирковиќ пред неколку години изјави дека Ксенија ја барала неколку дена пред смртта, но дека не можеле да разговараат.

“Таа беше преслатка и најубава девојка. Имаше 15 години кога почна да работи со мене, кога почна да танцува во групата. Поубаво девојче не сум видела”, изјави тогаш Драгана за српските медиуми.

Која беше Ксенија Пајчин?

Ксенија ја започна својата кариера како танчерка во дискотеки. Потоа стана членка на групата „The Duck“. Со хитот „Дачо, волим те“, групата постигна популарност кај помладата публика низ Србија.

Кариерата ја продолжи со снимањето на својот прв од двата албуми. Била и сопственичка на школа за танц во Белград. Еден период од животот го поминала во Грција, работејќи како танчерка во познати ноќни клубови.

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....