1.8 C
Скопје
16:54 - 23 декември, 2024

Кажете им збогум на тетоважите во боја! ЕУ сака да забрани одредени бои поради ризиците за здравјето

Тетоважите наскоро ќе бидат еднобојни. Европската Унија сака да ги забрани зеленото и плавото мастило за тетоважа. Тие не се препорачуваат бидејќи имаат многу токсини и содржат високо ниво на бензоперин кој предизвикува канцер. Европската агенција за хемикалии бара веднаш да се забранат наведените бои како основи за тетоважи бидејќи не се препорачливи ни во козметичкото користење, како и веднаш да се процени дали црното мастило е погодно за употреба.

Во употреба се повеќе од 100 нијанси на мастила за тетоважа со лош квалитет

– Многу мастила за тетовирање во Европската Унија се увезуваат од Америка, додека ПМУ мастила се произведени во Европа. Нивните пигменти не се специфично произведени за тетовирање и генерално имаат лош квалитет. Според членовите на комисиите, многу од овие мастила не се за употреба во козметичката индустрија. Овие бои имаат многу токсини, а во некои земји на ЕУ во мастилата за тетоважа поради поголема трајност се додаваат и автомобилска боја или тонери. Повеќе од 300 нијанси се мешаат заедно за да се добие тетоважа во боја.

Дали тетоважите можат да предизвикаат рак?

На тоа прашање истражувачите бараат одговор повеќе години. Иако уште не постои директна врска меѓу тетоважата и ракот на кожата, постојат некои состојки во мастилото кои би можеле да бидат поврзани со карциномот. Кога станува збор за рак на кожа, црните мастила можат да бидат посебно опасни бидејќи содржат високо ниво на бензоперин. Здравствените работници посебно се загрижени поради оваа боја бидејќи тоа е најчестата користена боја. Новиот тренд „Blackout“ може да биде посебно опасен бидејќи поединци бараат големи делови од телото да им бидат покриени со густо, тешко, црно мастило.

Опасен е начинот на кој тетоважите го прекриваат телото

Освен стравот од канцерогените супстанции кои се наоѓаат во мастилото, се јавува загриженост и поради начинот на кој тетоважите го покриваат телото. Промената на пигментацијата на кожата е еден од најраните знаци за рак на кожа. Посебно појавата на меланомот. Кога телото е „затемнето“ со мастило за тетоважа, промената на кожата нема да може да биде веднаш видлива. Поради тоа тетоважата никогаш не смее да се става на веќе постоечки бемки, белези и други промени на кожата.

Губењето на пигментите од тетоважата е причина за загриженост

Друга причина за загриженост од тетоважата се случува после некое време. Тетоважата со текот на времето избледува и губи пигментација. Тоа посебно важи за црните тетоважи кои можат многу брзо да се распаднат. Кога тетоважата започнува да избледува и губи пигмент може да создаде многу соединенија кои се прекинувач за рак.

Тетоважите можат да предизвикаат алергиски реакции

Ако кожата ви е осетлива на одредени парфеми, производите за шминкање или лосиони, би требало да размислите пред тетовирање. Прилично е вообичаено поединци да имаат алергиска реакција на бојата која се користи за тетовирање. Мастилото може да биде полно со хемикалии и неприродни состојки кои можат да ја иритираат кожата.

Ризик од хепатитис

Кога се во прашање тетоважите една од главните грижи е хепатитисот. Се пренесува исклучиво меѓу поединци кои делат исти игли. Поради тоа апсолутно е важно да се истражи салонот за тетовирање пред да им дозволите да ви цртаат по телото. Проверете дали вработените носат ракавици и дали ги чистат иглите после секое тетовирање.

Тетоважите прават проблеми и со магнетната резонанца

Ако вашата здравствена ситуација бара магнетна резонанца, тогаш ќе го одложите тетовирањето. Иако ретко, имало случаи кога тетовираните поединци доживеале компликации на магнетна резонанца. Понекогаш магнетите предизвикуваат реакција околу тетовираното подрачје. Може да се појави црвенило, оток во некои случаи изгореница од прв или втор степен. Друг проблем е точноста на резулататот кај тетовираниот поединец. Магнетната резонанца произведува слики од органите и структурата на телото во сива скала, така што резултатите тешко можат да се прочитаат кога мастилото за тетовирање ќе се измеша со сликата. Црвените мастила се посебно познати по тоа.

Слични објави

Милош Биковиќ ги поддржа студентските протести во Белград: Актерот се огласи на социјалните мрежи!

Еспресо

Откриени детали од скандалот со Блејк Лајвли што го тресе Холивуд: „Ме гледаше додека бев топлес!“

Еспресо

Откриено кој е човекот со кој Емина Јаховиќ разменува нежности: Се бакнуваше и со Наташа Беквалац!

Еспресо

(Фото) Колку чинеше последниот стајлинг на Пријовиќ од концертот? Го носат најдобро облечените жени во светот

Еспресо

Две години подоцна: Масимо Савиќ и понатаму живее преку својата музика

Еспресо

(Видео) Публиката ја исвирка Тијана Дапчевиќ: Пејачката го поздрави Ивица Дачиќ и наиде на критики!

Еспресо
Се вчитува....