16:48 - 2 април, 2026

Карлеуша застана во одбрана на Ѓани и ја „поткачи“ пејачката за која се шпекулираше дека е во врска со Душко Тошиќ

Српските спортисти вчера беа пречекани во Белград, по што продолжија да слават во ресторан во главниот град, а атмосферата ја вжештија некои од српските најпознати пејачи.

На видеата кои кружат на социјалните мрежи се гледа дека синоќа пееле Милица Тодоровиќ, Милица Павловиќ, Тања Савиќ, Жељко Шашиќ, Никола Роквиќ, како и Ина Гардијан.

Меѓу присутните бил и Радиша Трајковиќ Ѓани, но тој го напуштил ресторанот разочаран од колегите, кои ги обвини дека го „понижувале“.

„Доаѓам во 22 часот и чекам да им оддадам почит на моите спортисти и на моето семејство“. Чекам да пеам… А големите ѕвезди од моите колеги држат концерт? Договорот беше сите да отпеат по неколку песни! Заминав во пет, не испеав ниту една песна! Им се извинувам на моите браќа и пријатели, но не е фер. Бев таму, но понижен“, напиша Ѓани.

Во таа прилика се огласи Јелена Карлеуша, која застана во одбрана на својот колега, истакнувајќи дека приватно ја слуша неговата музика, но ја искористи приликата и да ја прозве Ина Гардијан, за која своевремено беше објавено дека е во врска со Душко Тошиќ, што никогаш не беше потврдено.

„Правда за кралот Ѓани! Дали е реално никој да не ѝ го земе микрофонот на некоја небитна Ина и да му го даде на ваков пејач да пее? Нема ден, драг мој Ѓани, јас и моето друштво да не ги слушаме твоите песни“, напиша ЈК.

 

Слични објави

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо
Се вчитува....