09:58 - 13 ноември, 2026

Карлеуша не сакала да се бакнува за Нова година: Бев испотена и задишана

Вчера низ Србија се славела реприза на Новата година, било многу весело, а голем број пејачи настапиле низ целата земја.

Пазари, кафулиња, ресторани, клубови, сѐ било преполно, а екипата на „Курир“ се нашла на настапот на Јелена Карлеуша, која пеела во хотел во предградието.

За тоа како било на прославата, Карлеуша го кажала следново:

– Синоќа во Будва, вечерва во Белград. Никого не бакнав на полноќ. Имаше многу луѓе, на публиката ѝ посакав сѐ најдобро, но никого не бакнав. Немав преголема желба за бакнување затоа што бев испотена и задишана, односно во полн работен пулс. Дојдов дома во хаос бидејќи моето семејство имаше забава таму.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Таа потоа откри дали планира да се одмори од настапот:

– Не, само што почнав, после 11 години имам издадено два албуми, па допрва следи пеколниот период, но тоа е моја желба. Имаме турнеи, концерти, за тоа живеам. Навистина сум среќна и вистински јас кога сум на сцената. Тоа го правам цел живот, не знам да правам нешто друго. Репризите во Белград се најубави, а првпат имаше хотелска верзија, претпоставувам дека луѓето не сакаат да платат многу пари за реприза, но таму се случи преседан.

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....