17:29 - 10 ноември, 2026

Карлеуша ја покани Цеца на јавна пресметка пред камери?! Пејачката откри дека би сакала да разговара со колешката

Јелена Карлеуша откри дека е подготвена да се соочи со Цеца Ражнатовиќ пред камерите, а не само на суд. Имено, пејачката Јелена Карлеуша во гостувањето во една емисија зборуваше за разводот со Душко Тошиќ, а коментираше и за други актуелни теми, меѓу кои и за односот со колешката Светлана Цеца Ражнатовиќ со која со години се гледа само на суд.

Со оглед на тоа што во емисијата на Цеца гостуваше блиската пријателка на Јелена Милица Павловиќ, Карлеуша го откри своето мислење за тоа.

– Милица ми кажа дека ѝ се јавиле, ме спомна, дури ме спомна и во емисијата – рече таа и откри дека би сакала да закаже „пресметка“ со Цеца.

– Навистина би сакала да разговарам со Цеца пред камери, најчесто разговараме преку суд. Не би можела да ми парира, би била во мојата сенка. Штета. Јас сум човек роден за шоу-биз, возбуда, гледаност, би било одлично. Таа е опасна само надвор од камерата.

Дали некогаш ќе има средба меѓу Јелена и Светлана на малите екрани, можеме само да чекаме.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....