1.8 C
Скопје
22:41 - 21 декември, 2024

Како Ига Швјонтек стана најдобра тенисерка во светот: Медитација наместо солзи, скромност наместо гордост

Ига Швјонтек е прогласена за најдобра спортистка во Европа, оставајќи го зад себе и својот идол Рафаел Надал, но додека за нејзините машки колеги знаеме речиси сè, што навистина знаеме за Ига, за нејзиниот приватен живот, за карактерот и сумите кои ги заработува?


Полската тенисерка Ига Швјонтек (21) е прогласена за најдобра спортистка во Европа, оставајќи ги зад себе и тенисерите Карлос Алкараз и Рафаел Надал- нејзиниот идол, во изборот на Полската новинска агенција (ПАП) на кое учествуваа 20 новински агенции од Европа. ПАП 65. пат го организира изборот за најдобар европски спортист. Рекордот го држи Роџер Федерер со пет победи, а зад него со четири победи е Новак Ѓоковиќ. Швјонтек во изминатите 12 месеци освои осум турнири, меѓу кои Ју-ес опен и Ролан Гарос. Таа стана прв светски рекет во женскиот тенис на 4 април годинава. И додека за водечките тенисери во светот знаеме многу нешта за нивниот приватен живот, што навистина знаеме за нивната колешка?

Стаста за спортот ја наследила од татка си, Томаш Швјонтек, кој достигна олимписко ниво во веслање. Како дел од полската четворка, тој стана седми на Олимпијадата во Сеул (1988), ја освои Универзијадата и учествуваше на неколку светски првенства, каде што неговиот најдобар резултат беше петти. Патем, според Ига, нејзиниот татко подоцна раскажал дека незаборавна била неговата средба во олимписката трпезарија со тениските суперѕвезди – Штефи Граф и Габриела Сабатини. Можеби токму оваа средба ја предодреди спортската иднина на Ига.

Томаш сакал неговите ќерки (Ига има постара сестра Агата) да го следат неговиот пример и да станат спортистки, но тој инсистирал девојките да не се занимаваат со тимски спортови, туку со индивидуални, каде што е полесно да се контролираат шансите за успех. Отпрвин, Агата почнала со пливање, но немала резултати, па се посветила на тенисот. Наскоро и помладата ќерка, Ига, ѝ се придружила. Агата настапи на неколку јуниорски турнири, но поради честите повреди мораше да се откаже од спортската кариера. Денес таа е успешен стоматолог. Но, резултатите на Ига поминаа добро – таа започна да тренира во мултиспортскиот центар Легија во Варшава, освои четири титули на ИТФ турнирите за деца под 13 години, стана петти светски рекет меѓу јуниорите и редовно се искачуваше во четврт и полуфиналето на јуниорските Грен слемови .

Уште на 17-годишна возраст важеше за голем талент – Ига, во пар со Каја Јуван, победи на Летните младински олимписки игри (2018) во Буенос Аирес, а неколку месеци претходно стана и јуниорски шампион на Вимблдон. Но, колку такви светли таленти сепак, не успеале да се реализираат во тенисот за возрасни? Швјонтек продолжи да напредува, но сепак до есента 2020 година, никој не ја сметаше за ѕвезда. Многумина стравуваа дека Ига ќе се приклучи на долгиот список на „еднодневни“ шампиони (Бјанка Андрееску, Јелена Остапенко, Софија Кенин, Ема Радукану), кои го освоија Грен слем турнирот, но не покажаа дополнителни високи резултати. Сепак, таа се покажа како многу постабилна од останатите. Во 2021 година, Полјачката ги освои турнирите ВТА 1000 и 500 во Рим и Аделаида, а во 2022 година веќе освои две престижни награди во Индијан Велс и Доха.

Надал како инспирација

Во 2017 година, Ига мораше да покаже карактер за првпат – го повреди глуждот и пропушти седум месеци тренинзи и настапи. Подоцна, Швјонтек призна дека во тој момент размислувала да ги заврши настапите и да се фокусира, како и нејзината сестра, на студиите, но нејзиниот татко и тренерот ја одвратиле да го напушти спортот. Со 19 години, Ига стана најмладиот шампион на турнири во сингл по Рафаел Надал во 2005 година и најмладиот женски победник во сингл по Моника Селеш во 1992 година. Сепак, нејзин најголем идол, особено во однос на однесувањето, е Рафаел Надал, и неколку пати повтори дека тој е нејзиниот омилен тенисер. „Кога бев помлада многу ми се допаѓаше неговиот стил на игра и начинот на кој изгледаше. Но, во моментов го ценам и неговото однесување надвор од теренот бидејќи изгледа како навистина скромно момче“, рече своевремено Ига. „Тој не го изгуби умот со сите успеси што ги имаше во кариерата. Навистина го почитувам тоа што тој остана истиот човек каков што беше“, нагласи таа со надеж дека ќе може да повтори макар и мал дел од успесите на својот идол.

Зад успесите на Ига стои уште една жена

Новинарите го забалежаа цврстиот карактер на тенисерката на секоја прес конференција или интервју. Смирена и самоуверена. Често зборуваше за психологијата: „Се разбира, финалето е огромен стрес. Бев загрижена дека поради притисокот нема да можам да го покажам најдоброто“, или: „Бев психички стабилна и сакав да играм агресивно како во претходните кола, „Денеска имаше голем стрес, па не беше лесно“… Според тенисерката, една од главните причини за нејзиниот успех е присуството на спортскиот психолог Дарија Абрамович во тимот, која патува со неа на сите турнири. Тренерот Пјотр Сержпутовски, кој работеше со Ига до 2021 година, истакна дека психологот ѝ помогнал да се ослободи од главниот проблем – стравот од натпревари со врвни ривали. „Кога Дарија почна да работи со Ига, нејзиниот однос кон играта драматично се промени. Претходно, кога одеше на натпревари со сериозни ривали, беше многу нервозна. Сега таа постојано одговара: „Можам да се снајдам, сè ќе биде добро“. Резултатот од работата на Ига и Дарија е видлив и за време на игрите. Таа стана помирна и поразумна. Сега таа прави помалку глупави грешки “, објасни своевремено тренерот.

Како што рече Швјонтек, работата со психологот го променила и нејзиниот пристап кон животот. Таа престана да размислува само за тенис и почнала да си дозволува да се опушти – поминува повеќе време во природа, јаде вкусна храна, поминува време во читање и други хоби. А, најважниот елемент на нејзиното расположение пред натпреварите е музиката. Во едно интервју објасни дека сака рок музика и дека ѝ е тешко да избере еден омилен од многуте бендови. Нејзината плеј листа ги вклучува Ред Хот Чили Пеперс, Перл Џем, Ганс енд Роузис, Пинк Флојд, Сантана и други легендарни бендови. „Моите музички преференци се навистина чудни, бидејќи ниту моите родители ниту сестра ми не слушаат таква музика“, рече спортистката.

Според официјалната веб-страница на ВТА, Ига Швјонтек заработила над 14,265 милиони долари, заклучно со октомври 2022 година.

Слични објави

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо
Се вчитува....