1.8 C
Скопје
12:29 - 20 декември, 2024

Како хороскопските знаци покажуваат љубов?

Различни луѓе различно ги покажуваат љубовните чувства, па затоа не секогаш го добиваме токму она што го очекуваме. Проверете како вашиот/та партнер/ка ја манифестира љубовта според неговиот/нејзиниот хороскопски знак и доколку не сте задоволни, пронајдете го знакот кој ова го прави најсоодветно на вашите желби, потреби и очекувања.

Овен
Без оглед на годините и полот, постои еден генерален начин да бидете сигурни дека овенот ве сака: тој ќе испровоцира кавга. Тој сака да си игра војна со зборови, преку што истовремено флертува и ја тестира вашата загреаност за него. Овенот е антички бог на војната, па сака достоен противник далеку повеќе од романтика. Тие исто така сакаат да можат да сметаат дека нивниот партнер секогаш ќе им го чува грбот. Буцкајте ги, вратете им на нивните борбени зборови и задевајте ги со шеги на нивна сметка. Тешко е да се биде во чекор со овенот, но верувајте, се исплати.

Бик
Биковите изразуваат љубов како што прават сѐ друго – полека и темелно, така што тие нема да ги кажат зборовите кои другата страна едвај чека да ги слушне сѐ додека не дојде вистинското време за тоа. Бидете трпеливи. Ако ви е потребно да се уверите во нивните чувства, обрнете внимание на нивните дела. Заедничкото уживање во храната и пијалаците, искрените комплименти, безрезервната верност, подароците… Подарок кој ви е даден само затоа што тој ги потсетил на вас или затоа што едноставно тие знаеле дека ќе уживате во него – тоа се апсолутни знаци дека бикот ве сака и тоа е неговиот начин да ви го покаже тоа сѐ додека не одлучи да го каже, но и потоа.

Близнаци
Тие се секогаш забавни, но знаете дека имаат искрени чувства кон вас кога ќе направат нешто со што ќе се надминат себеси само за да ве засмеат. Тие исто така често ќе бидат во ваше присуство почестувајќи ве со разни секојдневни активности. Ако сте колеги на работа и ги пекорат бидејќи премногу се труделе да ве импресионираат, нема да престанат, туку најверојатно ќе дадат отказ. Единственото нешто што би ги спречило е ако вие им кажете да го направат тоа. Но, зошто би го направиле тоа? Колку луѓе познавате кои имаат свој личен шармантен стенд-ап комичар?

Рак
Престанете да се прашувате дали ракот кој ве привлекува или во кој сте лудо заљубени се чувствува исто така. Ќе препознаете по следниве цврсти астролошки показатели: тие ќе зготват или ќе испечат нешто во рерната за вас. Но, тие ја сакаат својата кујна, па послужената торта нема секогаш да ви биде доволен показател за нивната љубов. Втората фаза на заљубеност ќе ја препознаете по цвеќињата и комплиментите, проследени со вечер помината кај нив дома, која ќе ја искористат за да ги извадат старите албуми со слики. Крајната пресуда можете да ја донесете кога не само што ќе покажат дека им е грижа за вас, туку и ќе го кажат тоа.

Лав
Уште во моментот кога ви фрлил око од другата страна на просторијата, вие знаевте дека играта започнува. Работата е во тоа што вие не сакате тоа да биде само игра, но лавовите се непоправливи флертувачи. Па, како да знаете дека тие навистина ве сакаат, а не сте им само за добра забава? Едноставно е. Нивниот распоред наеднаш ќе се расчисти, па ќе имаат време за да се видите за паузата за ручек, за вечера, и секако за викендите.

Девица
Би сакале да кажете дека некое од овие екстремно педантни суштества е само ваше? Одлично, само подобро гледајте дома да ви е секогаш раздигано, бидејќи ако не ви е, тие ќе го направат тоа. Можете да ги начекате некогаш кај вас дома како среќно ги подредуваат вашите книги по висина на полиците кои се свежо поминати со средство за чистење. Девиците создаваат чиста и организирана средина за оние кои ги сакаат бидејќи тие веруваат дека нивните сакани го заслужуваат тоа. Тоа е огромен комплимент, па не се ни осмелувајте да им кажете дека ги преминале границите и ја нарушиле вашата приватност. Бакнете ги, заблагодарете им се и помогнете им да завршите заедно.

Вага
Наместо да се обидувате да сфатите дали вагата е заљубена во вас, следете го нејзиниот однос со другите. Тие се секогаш фини, особено кога зборуваат со некого еден на еден, тоа е во нивната природа. И додека сме на темата, доколку лесно ве фаќа љубомора, изберете друг знак. Но ако сте фокусирани на градење заедничко партнерство со нив, штом забележите какви се кога се фини, ќе можете да препознаете кога ќе станат пофини – а тоа е апсолутен знак дека ве сакаат. Уште повеќе ќе бидете сигурни ако ве завикаат по некој прекар кој тие ќе го смислат, додека вашето вистинско име ќе го користат само во формални прилики.

Скорпија
Ќе го сфатите првиот знак на заљубеност само доколку по природа сте перцептивни, и подобро да сте доколку сакате да ја одржите заинтересираноста на скорпијата за вас. Тие длабоко и долго ќе гледаат во вас. Но, нема директно да се ѕверат во вас. Тоа би било премногу очигледно, а овие интригантни суштества се родени како 50% детективи и 50% аналитичари, што е причина што сте толку фасцинирани од нив. Како и да е, главен знак што ќе ги издаде е кога ќе сфатите дека нивните очи гледаат во вас преку рефлексии од огледала, стаклени врати и големи прозорци.

Стрелец
Ако стрелец ве сака, тоа е затоа што сте научиле да давате слобода. Ќе знаете дека сте успеале кога ќе почнат да ви се јавуваат (скоро) секој ден, но уште повеќе кога ќе бидете поканети на патување со нив. Без разлика дали е викенд во земјата или авионски билет за 5-дневен аранжман во Рим, секако е голема работа. Но немојте да се загрижувате ако треба повеќе време да се случи ова. Слободата е многу важна за стрелците.

Јарец
Правила, процедури и правење на работите онака како што треба да бидат направени – ова е животниот стил на јарецот, па ако сте привлечени од нив, не грижете се за ова. Кога се тие посветени нема шанси нешто да им го одвлече вниманието. Ако се сингл, веднаш почнете да им покажувате дека вредите. Сепак, ова нема да треба да го правите вечно со јарците. Штом тие ве запознаат (или поточно ве интервјуираат) и сфатат дека навистина вредите, вие ќе го знаете тоа. Тие јасно ќе ја покажат љубовта преку сериозен муабет и вие ќе бидете сигурни дека не се шегуваат.

Водолија
Водолиите се неконвенцијален знак во зодијакот. Овие луѓе обично се независни и рамнодушни, па ќе треба да гледате во некои поспецифични начини на изразување кога станува збор за љубовта. Тие може студиозно да скенираат делови од вашето тело и да ви предложат некоја тетоважа или луда фризура кои одлично би ви прилегале. Исто така може да ве поканат да одите заедно на некој специфичен настан за каде што ќе можете да облечете карактеристична облека. Ако не сте тип за овие авантуристички излети, подобро држете се на дистанца од овие одметници.

Риби
Тие се малку срамежливи типови, па ако чекате да го направат првиот чекор и ако се од оние посрамежливите, може да ви побелее косата. Како и сите други знаци, треба да ги гледате за да сфатите дека се грижат. Единствениот совет кој ви е потребен е следниот: ако ве сакаат, може да им биде тешко тоа да го кажат први. Но штом ве запознаат, тие ќе бидат позборлести дури и од најсоцијалниот знак во зодијакот – близнаците.

Слични објави

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо

Анџелина Џоли не му дозволува на Бред Пит да се ожени младата Инес

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца блесна на славата на Свети Никола: Богдана позираше со сестрите Наташа и Бојана во вилата на Дедиње 

Еспресо

Хороскоп за 20 декември: Лавовите ги очекува невидена страст во љубовта, Скорпиите да внимаваат на парите

Еспресо

Цеца го прослави Свети Никола: Пејачката угости ВИП фаци во вила на Дедиње!

Еспресо

(Видео) Гоца Тржан откри каков е Јоксимовиќ кога се исклучени камерите: Тој многу се промени

Еспресо
Се вчитува....