15.4 C
Скопје
04:42 - 3 јуни, 2026

Како да препознаете дека некој во ваша близина е заразен со коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) објави епидемија на коронавирусот, а државите ширум светот се борат да го запрат ширењето на вирусот.

Со оглед на фактот дека станува збор за епидемија што може да предизвика паника меѓу луѓето, британски „Експрес“ пишува за тоа како може да се препознае лице заразено со коронавирус.

Вирусот за кој светот не престанува да зборува, досега зафатил илјадници луѓе откако излезе од рамките на Кина.

Тој се пренесува и на два метра оддалеченост па како да знаеме дали некој во наша близина е заразен со коронавирусот.

Првите знаци на инфекцијата вклучуваат респираторни симптоми – температура, кашлица, губење здив и отежнато дишење и чувство на малаксаност.

Многу луѓе во зимскиот период се заразуваат со некој вид вируси. Болеста обично трае кратко, а симптомите се: секрет во носот, главоболка, кашлица, болки во грлото, температура и лоша општа состојба. Коронавирусот некогаш може да доведе и до респираторни болести какви што се воспаление на белите дробови или бронхитис.

Фото: Профимедиа

Компликациите се можни само кај лицата со ослабен имунитет, кај децата и постарата популација, наведуваат од Центарот за контрола и превенција на болести од Англија.

Ако имате некои од симптомите, вашиот лекар ќе процени дали е потребно да се направат понатамошни анализи.

Доктор Џонас Нилсен наведува дека студеното време ја олеснува заразата затоа што ниската надворешна температура ја лади мембраната на носот која го олеснува влегувањето на вирусите во телото.

Коронавирусот нема да има вакви размери во текот на летото. Топлото време нема услови за овој вирус, појаснил д-р Нилсен.

Фото: Профимедиа

Во зависност од тоа колку вирусот е застапен, кашлицата, кивањето па дури и обичното ракување можат да бидат ризични. Вирусот, исто така, може да се пренесе и со допир на нешто што го допрела заразена личност, а потоа со допирање на устата, носот или очите. Најдобра и прва мерка на превенција како и кај секој вирус е честото и темелно миење на рацете и хигиената генерално!

Слични објави

(Фото) Семејна идила – Вељко и Богдана Ражнатовиќ уживаат заедно, позираа со најстариот син

Еспресо

Исповед на Сенида: Зад рефлекторите и сцената, јас сум само жена која му верува на своето срце

Е.А.

(Фото) Вулгарни навреди за сопругата и ќерката на Миро Кацаров, водителот се огласи лут

Еспресо

Неда Украден откри дека би простила неверство: „Не е реално да се сака само една личност“

Еспресо

Ана Бекута скршена од тажната вест, се обрати до семејството на Халид Бешлиќ

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус ужива на Истра – ги истакна облините во минијатурно бикини

Еспресо
Се вчитува....