13:38 - 5 декември, 2025

Јелена Карлеуша спаси уште едно куче: Го донеле крваво и осакатено, а операцијата траела 5 часа

Јелена Карлеуша уште еднаш покажа дека е хуманитарец, па со донации помогна да се спаси животот на уште едно повредено куче.

Познато е дека Јелена Карлеуша е „остра на јазикот“, но кога се во прашање хуманитарните дела , таа ја покажува својата друга, помека страна. Јелена е заколната вегетаријанка и често споделува објави на таа тема, а минатата година спасила две малтретирани кучиња, на едното шепите му ги отсекле злобниците, а другото сопствениците го оставиле на буниште!

Јелена често испраќа храна и пари до здруженијата за спасување животни, покажувајќи дека е голем хуманитарец. Јавноста беше вознемирена од неодамнешното објавување на уште едно злоставување на животните, во кое младо куче се здоби со сериозни повреди на главата, шепата и телото. На интернет кружеле морничави слики, а според упатените, сопственикот намерно го донел несреќното животно до капијата на куќата во која имало две кучиња и намерно ги поттикнувал да го повредат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Udruzenje PIT (@udruzenje.pit)

Здружението кое беше решено да го спаси животот на ова куче побара помош од сите луѓе за покривање на трошоците за лекување во ветеринарна установа за да му го спасат животот. Сега, со добрата вест за закрепнувањето, тие им се заблагодарија на сите што придонесоа, вклучувајќи ја и Јелена Карлеуша, која очигледно навистина придонела со донација.

„Ти благодарам Јелена, добро закрепнувам и те поздравувам – Оскар“, напишале покрај сликата на кученцето чија борба за живот траела пет часа.

„По операција која траеше скоро 5 часа, Оскар полека се буди од анестезија. Драги луѓе и тој ја чувствува оваа поддршка што ние заедно со сите вас му ја даваме, љубовта е лек за сѐ. Вилицата сега му е поправена и во наредните три недели ќе јаде само мека храна преку шприц , потоа ќе има и контрола, ќе биде третиран со антибиотска терапија. Засега е стабилен и се надеваме на уште подобро закрепнување. Уште еднаш ви благодариме на сите што прашуваат за него, и само така можеме сите заедно да спречиме вакви злосторства да не се повторат, а Оскар е симбол на обединување, храброст и безусловна љубов. Да продолжиме без граници! Ви благодариме“, беше напишано на Инстаграм страната на здружението кое сега се грижи за него.

Слични објави

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо
Се вчитува....