5.8 C
Скопје
08:32 - 21 февруари, 2026

Јелена Карлеуша ја нападна колешката Пријовиќ и „Ѕвездите на Гранд“: „Тие се треш, а јас одам напред!“

Јелена Карлеуша остро ја искритикува колешката Александра Пријовиќ и нејзиниот нов албум.

По 11 години пауза, Јелена Карлеуша објави два албума наречени „Алфа“ и „Омега“ со кои ја воодушеви верната публика која долго време чекаше нови изданија.

Набргу по промоцијата и успехот на двата албума, таа реши да одржи спектакуларен настап во Белград на вода. Влезот беше бесплатен, а речиси и немаше ѕвезда која не се појави на црвениот тепих. Откако ги собра впечатоците од концертот, во Утринска програма, Јелена ги коментираше колегите.

Додека за Милица Павловиќ, со која сними дует, имаше само пофални зборови, за Александра Пријовиќ, рече дека нејзината музика е „одамна отсвирена“.

„Само Милица има хит. Песната „Машала“ која годинава ја сними со мене“, изјави Карлеуша во емисијата „Први ред“, а потоа ја коментираше констатацијата на новинарот дека Пријовиќ има хит „Дам, дам, дам”:

„За чиј албум зборуваат?! Од се што беше снимено годинава, не се случи ниту еден голем хит. За мене песната на Пријовиќ е од 2001 година. Девојката е одлична, Звезде Гранда се одлични, но тие се само треш и мислам дека ние треба да одиме само напред. А не назад во 2001 година“, беше експлицитна Јелена во споменатата емисија.

 

Слични објави

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо
Се вчитува....