Пејачот Емир Брунчевиќ откри дека Шако Полумента не го снимил заедничкиот дует со него, иако претходно имале договор. Емир гостуваше во емисијата на Огњен Амиџиќ и тогаш раскажа дека требало да ја снимат песната „Дете улице“, која Шако ја објавил пред дваесет години, но дека дошло до проблем.
– Требаше да имаме дует. Сè договоривме и тоа така како што нему му одговараше. Ден пред снимањето само ми јави дека е болен, а истиот ден им праќал на нашите заеднички пријатели негови „познати снимки“ со порака: „Ајде дојди на плажа, убаво е времето“ – изјави Емир.
По овие зборови, се огласи и Шако Полумента, кој ја раскажа својата страна на приказната.
– Моите пријатели сакаа да му излезат во пресрет и да сними спот со мене. Повеќе пати сум му помогнал на почетокот на неговата кариера, така што сум му го давал микрофонот на моите настапи. Тој ме повика да снимиме песна, и истиот ден кога требаше да се снима, го повикав на видео-повик и јасно виде дека сум болен. Имаше прилика да ја види и температурата што ја имав. Му реков дека ќе снимиме за три-четири дена, кога ќе ми биде подобро. Во меѓувреме ми испрати снимка од строфа што тој ја отпеал, но тоа мене не ми се допадна. Моите песни се пред сè емоција, а неговото „завивање“ не се вклопуваше во замислата. Јас сум гигант за него и верувам, имам право да не прифатам нешто. Кога така кукавички зборуваше во емисија, можеше барем да ја прочита пораката што му ја испратив – рече Шако, додавајќи дека Брунчевиќ испаднал крајно непрофесионален.
– Колку само пари има заработено од моите песни, а на крај испадна неблагодарен и нечесен. Нека се наврати низ својата музичка кариера и нека пресмета колку заработил од мојата музика. Само од песната „Син порока“ зел бакшиш вреден колку еден стан – тврди Шако.
Сите го знаат како Шако, но малкумина го знаат неговото вистинско име
Шако Полумента е дел од естрадата повеќе од три децении и е еден од најомилените пејачи.
Неговите хитови ги знае цел Балкан, но ретко кој знае како навистина се вика.
Роден е како Сакиб Полумента на 27 март 1968 година во Бијело Поле. Шако стана едно од најпрепознатливите имиња на музичката сцена, а неговото уметничко име со години стана бренд.
