3.8 C
Скопје
20:07 - 20 декември, 2024

Избори во Австралија: Живот како од роман на Ентони Албанезе, лабуристот кој може да стане премиер

Водачот на Лабуристичката левица, Албанезе е роден во Сиднеј од мајка со ирско потекло, но израснат без својот татко, италијански имигрант кој го запознал многу години подоцна, а растел без него мислејќи дека е мртов. Животната приказна на Ентони Албанезе може да биде сценарио за возбудлив филм.  

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anthony Albanese (@albomp)

Водачот на Лабуристичката левица, Ентони Албанезе е роден во Сиднеј од мајка со ирско потекло, но израснат без својот татко, италијански имигрант кој го запознал само како возрасен.
Ако победи, Австралија за прв пат во својата историја би имала премиер со италијанско потекло: тоа е Ентони Албанезе, кандидат на Лабуристичката партија (во опозиција девет години) на изборите кои се случуваат денес. Избирачките места беа отворени пред неколку часа и премиерот на функцијата, либералот Скот Морисон, бара повторна потврда на мандатот за уште три години. Актуелниот премиер го обвини својот ривал за „ароганција“ дека веќе предвидел сигурна победа. Точно е, меѓу другото, дека растојанието меѓу двајцата се скрати во последните денови, но надежта на опозицискиот кандидат за успех е конкретна и навистина успехот му е на дофат.

Живот како од роман 

Сепак, она што е највпечатливо во биографијата на Албанезе не е толку неговата политичка кариера, туку настаните – речиси како да се извлечени од роман – поврзани со неговото раѓање, кои го поврзуваат со Италија. Околностите во кои дошол на свет, заслужуваат да бидат раскажани во филм. Ентони Албанезе е зачнат во 1962 година на крстаречкиот брод Ферскај на бродската компанија Ситмар Крузис. Бродот крстарел меѓу Сиднеј и Саутемптон во Обединетото Кралство. На бродот, меѓу другите, работел и Карло Албанезе, како стјуард, инаку дојден од јужна Италија, од малиот град Барлета. Младиот Италијанец на бродот ја запознал Марјан Елери, Австралијка со ирско потекло која се враќала во земјата на потекло. По пристигнувањето во Англија, врската меѓу двајцата завршила: нивната љубов била родена на вода, и предодредена да трае само за времето на патувањето.

Но, кога Марјан се вратила во Австралија, открила дека е бремена, и дознала дека Карло (кој исто така се вратил во Апулија, во неговата Барлета) е веќе верен со друга жена. Марјан, на почетокот, решила да го роди својот син и да го даде на посвојување; но, штом го родила, таа се предомислила и одлучила да го воспитува сама, преправајќи се дека се омажила, а потоа го изгубила сопругот пред раѓањето на бебето, кое го добило презимето на неговиот татко.

Дури на 14-годишна возраст, во 1977 година, Ентони од мајка си ја дознал вистината за судбината на неговиот татко Карло: момчето, кое пораснало верувајќи дека татко му е мртов, открило дека работите тргнале поинаку и човекот можеби е жив… Зборувајќи за приказната и за тоа како ја преживеела неговата мајка, Ентони подоцна рече дека тоа е „многу трауматично за неа“. Отпрвин решил да не го бара својот татко. Дури во 2002 година, по смртта на Марјан Елери, тој бил решен да го направи тоа, кога веќе беше етаблиран политичар. Но, тој го знаел само името на татко му, националноста и бродот на кој работел пред 40 години. Преку бродската компанија, Ентони успеал да добие адреса, на која испратил писмо, без сепак да тврди дека е син на Карло Албанезе. Нешто подоцна добил одговор од адвокат од Барлета.

Ентони се сретнал со својот татко за прв пат во 2009 година, одејќи дури до Апулија за да го запознае лично (тој се запознал и со другите два сина на Карло, неговите полубраќа). Уште еднаш се сретнале пред девет години, за да се простат зашто Карло Албанезе бил болен од рак и починал во јануари 2014 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anthony Albanese (@albomp)

Долга кариера во австралиската политика

Ако биде избран, лидерот на лабуристите, кој може да се пофали со над дваесет години историја во австралиската политика (тој влезе во Парламентот во 1996 година), ќе ја достигне кулминацијата на долгата кариера во институциите на земјата и исто толку долгото стажирање, кое започна кога студирал економија на Универзитетот во Сиднеј. Припадник на левата фракција на партијата, Албанезе веќе беше министер за регионални прашања и локални власти од 2007 до 2010 година и носител на Одделот за инфраструктура и транспорт во владата на Кевин Руд, од јуни до октомври 2013 година.

Во последниве години, Албанезе беше министер во сенка (прво за транспорт, а потоа за градови) на опозицискиот лидер Бил Шортен, со кого се бореше во 2013 година за раководството на Лабуристичката партија. Пратениците го претпочитаа Шортен, но по неговата оставка во 2019 година, политичарот со италијанско потекло повторно се обиде ѝ стана шеф на главната партија на австралиската левица. Тоа му овозможи да се кандидира за премиер на изборите кои во моментов се одржуваат во Австралија.

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....