15:00 - 2 април, 2026

Ивана Селаков: „Да ми кажеше некој дека љубов ќе најдам прекув Фејсбук немаше да поверувам“

Пејачката Ивана Селаков открила, гостувајќи во емисијата „Цеца шоу“, дека својот сопруг Пеѓа Мирковиќ го запознала на сосема неочекуван начин, преку Фејсбук. Иако тогаш не верувала во љубов преку интернет, судбината, како што вели, имала поинаков план, па денес тие двајца уживаат во складен брак и родителство веќе речиси 18 години.

Популарната пејачка веќе со години ужива во среќен брак со Пеѓа, со кого ја има ќерката Круна. Нивната љубовна приказна започнала на најнеобичен можен начин – преку социјалните мрежи.

Гостувајќи во емисијата, Ивана искрено раскажала како судбината „се вмешала“ во нејзиниот живот:

„Верувам во судбина и во среќа. Сосема случајно и судбински го запознав Пеѓа, на најневеројатен начин. Да ми кажеше некој тогаш дека ќе го запознаам партнерот преку Фејсбук, ќе му речев: ’Нема шанси!‘“ – рекла Ивана низ насмевка.

Пејачката открила дека неговиот профил веднаш ѝ го привлекол вниманието, иако на фотографијата речиси и не можело да се види неговото лице.

„Имаше некоја слика со шешир и очила, едвај да му се гледаше лицето, но нешто ме заинтригира. Ми напиша нешто сосема обично и така почна … Еве, речиси 18 години подоцна, ние сè уште сме заедно. Мислам дека тоа е вистинска судбина,“ додала Селаков.

Слични објави

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо
Се вчитува....