03:17 - 27 ноември, 2026

Итно огласување на сестрата на Бора Чорба: Открива во каква состојба е пејачот

Веста за здравствените проблеми на музичарот Бора Ѓорѓевиќ предизвика големо внимание во медиумите и јавноста.

Според информациите од српските медиуми, фронтменот на групата „Рибља чорба“ моментално се наоѓа во болница во Љубљана каде поради проблеми со белите дробови е приклучен на високо ниво на кислород. Неговата состојба се влошила, а менаџерот на групата „Рибља чорба“, Бане Обрадовиќ истакна дека во моментов не е можно да се изврши никаква операција.

Познатата етно пејачка Билјана Крстиќ, која е сестра на Бора Ѓорѓевиќ, се огласи за актуелната ситуација. Таа истакна дека во последните неколку дена не контактирала ниту со Дубравка, ниту со Бора и дека сите нивни пријатели и семејството со нетрпение го очекуваат неговото закрепнување. Нејзината изјава дополнително ја продлабочи загриженоста на јавноста за здравјето на познатиот музичар.

„Овие денови не онтактирав ниту со Дубравка ниту со Бора, сите очекуваме на Боки да му биде подобро“ – изјавила Билјана Крстиќ за српските медиуми.

Оваа вест предизвика лавина реакции кај фановите и колегите од музичката индустрија, кои преку социјалните мрежи му изразија поддршка на Бора Ѓорѓевиќ и неговото семејство. Многумина се придружија во желбата за брзо закрепнување и изразија надеж дека ситуацијата наскоро ќе се стабилизира.

Слични објави

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо

Идентификувани осомничените за палењето на автомобилот на Александра Пријовиќ

Еспресо

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо

(Фото) „Дома за викенд“ : Ѓина Џиновиќ покажа детали од семејниот дом во Монте Карло

apostolova
Се вчитува....