7.8 C
Скопје
22:47 - 30 март, 2026

Иста плата со 4 работни дена во неделата, во Англија почнува тестот кој треба да докаже идеален модел на работо време на иднината

Најголемиот тест во светот денес започнува во Велика Британија и ќе трае пробно шест месеци.

Имено оние кои ќе бидат вклучени во овој голем проект, ќе работат 4 дена во седмицата наместо 5 дена, а ќе земат 100 отсто од платата.

Ќе се тестира модел за кој се верува дека ќе им помогне на работниците, на животната средина, па дури и на компаниите, со верување дека во ваков работен модел е иднината.

Станува збор за најголемиот тест во светот досега тестиран, а што се однесува на работната ефикасност, скратени работни денови во седмицата, а без никаква загуба на платата. Ова е шестмесечен пилот проект – организиран од непрофитната асоцијација 4 Day Week Global во соработка со истражувачи од Универзитетот Кембриџ, Универзитетот Оксфорд и Бостонскиот колеџ – кој има за цел да тестира дали ако работиме 4 дена во неделата наместо 5 ќе ја зголемиме продуктивноста на 100% а со тоа и ќе ја заслужиме платата 100%.

Истражувачите од универзитетите ќе работат со компаниите-учеснички во проектот за да го измерат не само нивото на продуктивност, туку и благосостојбата на работниците, влијанието врз животната средина и родовата еднаквост.

– По толку многу приватни деловни експерименти, или од страна на „просветлените“ влади – помислете на четиригодишниот тест на Исланд врз вработените во јавниот сектор – ова е „историска студија“ според Џулиет Шор, професорка по социологија на Бостонскиот колеџ. „Ќе анализираме како вработените реагираат на дополнителен слободен ден, во смисла на стрес и исцрпеност, задоволство од работата и животот, здравје, спиење, употреба на енергија, патување и многу други аспекти од животот“, рече тaa.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....