7.8 C
Скопје
22:17 - 3 март, 2026

Иста како Ким Кардашијан: За тајната венчавка Теа Таировиќ ќе плати 100.000 евра, а венчаницата ќе чини 18.000 евра!

Српската пејачка Теа Таировиќ ќе се мажи по две години врска со своето момче Иван! Тие двајца веќе три месеци ја планираат свадбата која ќе ја организираат во Нови Сад, а таа ги поканила само најблиските роднини, пријателите и избраните колеги, меѓу кои се Сања Вучиќ и Барбара Бобак.

Како што пренесува „Свет“, пејачката ангажирала агенција за венчавки и им ги изнела своите желби, затоа што не сака дополнително да се исцрпува, бидејќи има напорна летна турнеја, па мора да биде посветена на работата.

Теа пред три месеци одлучила каква венчаница ќе облече на својот најсреќен ден. Многу ѝ се допаднал фустанот кој Ким Кардашијан го носела кога се омажила за Канје Вест. Наводно стапила во контакт со француски дизајнери кои ќе ѝ ја сошијат буквално истата венчаница. Само Теа имала една желба – нејзиниот превез да биде поинаков, па сама го нацртала како што сака да изгледа, а тоа ќе ѝ го направат креаторите кои ѝ ја шијат венчаницата.

Според гласините, целата свадба ќе ја чини околу 100.000 евра, а ќе треба да потроши 18.000 евра само за венчаницата што ќе пристигне од Париз, изјавила за „Свет“ пријателката на Теа.

Да потсетиме, пејачката долго време ја криеше врската со Иван, кого најпрво го ангажираше како свое лично обезбедување. Веднаш почнаа искри меѓу нив, а нејзиниот иден сопруг ја следи насекаде и ѝ дава голема поддршка.

 

Слични објави

„Денес ќе дознам кога ќе одам на операција“: Рале и Ана фотографирани заедно во хотел, таа му е голема поддршка

E.A.

„Целосно ја истрижав косата, а тој…“: Карлеуша низ солзи за Поповиќ кој ѝ помогнал по смртта на нејзината мајка

Еспресо

(Фото) Сузана Манчиќ го напуштила ресторанот кога се појавила Нада Топчагиќ?! Не се поздравиле поради фотографијата на која се топлес

Еспресо

Вистината од семејниот дом на легендарниот Шабан Шаулиќ: Пејачот носел перика цели 10 години

E.A.

(Фото) Александра од МТВ го покажа синот Лука: Таа и сопругот имаат уникатна љубовна приказна

Еспресо

(Видео) Водителката Сања Маринковиќ наполни 52 години: Толку е младолика, што никој не би ѝ дал толку!

Еспресо
Се вчитува....