1.8 C
Скопје
01:39 - 13 март, 2026

Индира Радиќ купила пет стана на Халкидики! Пејачката вложила 300.000 евра во бизнис на брегот

Пејачката Индира Радиќ купила пет стана во познато летувалиште во Грција, кои ги издава на туристи во текот на целата година.

Популарната фолкерка ги издава овие недвижности на туристи во текот на целата сезона, а според пишувањето на медиумите за нив потрошила околу 300.000 евра. Меѓутоа, тоа не е сè. Радиќ ја обожава Грција, па купила луксузен апартман со поглед на море во истото одморалиште, само за себе.
– Морам да ви кажам дека Индира е кралица на недвижностите! Таа, без сомнение, си обезбеди добро место за живеење. Додуша, не во Србија, туку во Грција. И не само тоа, туку добро заработила од издавањето станови на Халкидики. Од мај до ноември има многу работа. Се разбира, таа има луѓе што ги вработува кои ја одржуваат ѝ ги водат книгите и трошоците и таа го надгледува сето тоа. Добро се платени и сè е во ред. Пејачката не се фали, а за својата работа не зборува освен на блиски пријатели на кои им верува. Некои дури ѝ беа гости во Грција – изјавил извор близок до Индира, кој неодамна откри дека одбила голем хит.

Според неговите зборови, пејачката пред неколку години ангажирала агент за недвижности за да ѝ ја најде идеалната локација.

– Со години велеше дека голема желба ѝ е да купи куќа покрај море и да има своја оаза на мирот, а бидејќи успеала да заштеди доволно пари, пред неколку години ангажирала агент за недвижности, кој ѝ помогнал да најде локација во странство токму за неа. Таа е задоволна и пресреќна – рекол изворот.

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....