7.8 C
Скопје
10:38 - 1 април, 2026

Илон Маск си купи жив пекол за 44 милијарди долари? Моќните брендови престанаа да се рекламираат, а „твитерџии“ се бесни

Веднаш штом го презеде Твитер и отпушти голем број високи менаџери, Илон Маск најави наплата на членарина на корисниците. Имено, синото штиклирање до името на корисникот, кој означува проверена сметка, ќе чини осум долари месечно.

Досега „чекмаркот“ беше бесплатен на Твитер, а оваа иновација милијардерот ја објасни како негов напор да ги победи спамовите и измамите.

Досега, сините штиклирања до корисничките сметки беа претежно опција за луѓе од висок профил, обично познати личности, да се заштитат од лажни профили и кражба на идентитет.

Сепак, продажбата на овој статус, тврдат критичарите на потегот на Маск, всушност предизвика гнев кај корисниците.

Поранешниот метод на Твитер за проверка на корисниците вклучуваше краток формулар за апликација преку Интернет и беше резервиран за оние чии идентитети беа цел на имитирање, како што се познати личности, политичари и новинари.

Компанијата го воведе системот во 2009 година, откако се соочи со тужба дека не сторила доволно за да спречи лажни профили. Според Гардијан, имало околу 400.000 проверени корисници на Твитер во 2021 година.

Но, не само тоа. Познатите брендови полека почнуваат да се повлекуваат од Твитер.

Во понеделникот, една од најголемите светски рекламни компании, IPG, ги советуваше своите клиенти да ги прекинат рекламите на Твитер на една недела, нагласувајќи ја потребата за поголема јасност за плановите на Твитер да обезбеди „доверба и безбедност“ на платформата. И ова не е шега затоа што некои од најголемите светски брендови даваат милијарди долари годишно за креирање маркетинг планови и буџети.

Многумина на платформата ја повторија изјавата на Стивен Кинг, кој како одговор на најавата за измените напиша дека наместо да му бара пари, Твитер да му плати да биде твитерџија. По неколку месеци суштински обиди да се извлече од договорот за купување на Твитер, Илон Маск сега ја поседува влијателната платформа, а вистинското прашање е – што ќе прави тој со неа?

Преземањето на Твитер од Маск не само што ги потресе вработените во Твитер, туку ги задрма и стотиците милиони луѓе ширум светот кои ја користат платформата секој ден.

Но, тоа може да влијае и на следните избори во САД, особено ако Маск го исполни своето ветување дека ќе ги врати профилите на корисниците кои претходно беа забранети од платформата, особено профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, и ако ги ублажи ограничувањата за содржината која се објавува.

„Воопшто не ми е гајле за економијата“, своевремено рече Маск, но и како најбогат човек на светот, тој мора да се грижи сепак, за парите. Неговото моментално нето богатство се проценува на 220 милијарди долари, но тоа не се 220 милијарди долари во готовина во банкарскиот трезор, туку главно поврзани со неговите акции во Tesla и SpaceX.

Затоа, за да ги покрие огромните загуби на Твитер, секоја година би морал да распродава се повеќе од своите акции. Тоа би било болно во монетарна смисла, но уште повеќе во однос на моќта: тој би можел да заврши во ситуација кога би можел да ја изгуби контролата врз компаниите, особено врз Тесла, вели Џон Шварц.

Тој смета дека купувањето на Твитер од Маск е тотален деловен неуспех што ќе му го направи животот пекол, но и потенцијално сериозна закана за демократијата. Колку и да Маск труби со сите ѕвона за демократијата…

– Без разлика какви одлуки ќе донесе, ќе разгневи голем број на претплатници на Твитер. Левицата ќе види дека нивните сомнежи за него се потврдуваат. Десничарите ќе го гледаат само како уште едно лажливо прасе од светот на технологијата, заклучува Шварц.

 

Слични објави

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....