13.8 C
Скопје
15:34 - 20 февруари, 2026

Илон Маск сака пренос во живо за да му оди дома на Марк Цукерберг: Борбата се префрла во двор

„Борбата во кафез“ меѓу Илон Маск и Марк Цукерберг се уште не се случила, а преговорите како да се оддалечуваат, а не приближуваат до финална закажана дата.

Дури им беше и понуден италијанскиот Колосеум каде би можела да се закаже тепачката меѓу двајцата, но сепак, ништо ново на повидок.

Но Илон Маск не мирува и дава нови идеи преку својата социјална мрежа Твитер, додека Цукерберг  рече дека ништо не му верува на Маск и дека се што прави и кажува, го прави за да ја промовира сопствената платформа за социјални медиуми. Со своите 155 милиони следбеници, тој може прилично да создаде „луда привлечност“ за сè што сака да промовира, смета основачот на Фејсбук.

Но Илон сега оди чекор подалеку и бара пренос во живо за да оди во домот на Марк и да го повика на жестока тепачка во дворот.

Откако Илон Маск рече дека ќе тропне на вратата на Марк Цукерберг, еден од претставниците на извршниот директор на Мета (компанија под која спаѓа Фејсбук) јавно потврди дека Марк моментално не е во Пало Алто ( местото каде што се наоѓа неговиот примарен дом). Маск не остана должен да одговори преку својата платформа и да се потсмева на извршниот директор на Мета, па му се закани дека ќе го посети веднаш штом ќе се врати од патувањето.

Намерата на Илон Маск е да се пренесува во живо точниот момент кога ќе затропа на вратата на Марк и потоа двајцата да се борат во дворот, доколку Марк го прифати предизвикот. Сепак, Марк Цукерберг веќе изјави дека чувствува дека Илон не го почитува спортот, додека тој самиот веќе  со години практикува мешани боречки вештини и целосно се заљубил во спортот.

Останува да видиме дали извршниот директор на Тесла планира да продолжи со својот план и дали навистина ќе организира пренос кога Марк ќе се врати дома.

Слични објави

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија без шминка, луѓето се во шок од нејзиниот природен изглед

E.A.

Додека Тигар се радува, Лав спие и страда: Што се случува со Драган Станковиќ по раскинот со Јована Јеремиќ?

E.A.

Снежана Ѓуришиќ првпат се огласи откако син ѝ беше претепан, ја откри неговата состојба

Еспресо

(Видео) Синот на Цеца стана вистински ѕвер! Вељко ја покажа формата, никогаш не бил олку силен

Еспресо

(Фото) Бел гламур во Чикаго: Ива Спасовска го прослави 36. роденден како Џеки Кенеди

Еспресо

Дара Бубамара за новиот дечко: „Не го кријам затоа што е женет – помлад е од мене и згоден!“

Еспресо
Се вчитува....