07:59 - 2 февруари, 2026

Илон Маск преку „X“ ќе собира биометриски податоци од корисниците, образование и работно искуство

„X“, социјалната мрежа на Илон Маск порано позната како Twitter, го прошири опсегот на податоци што ги собира од своите корисници за да вклучи биометрија, ниво на образование и работно искуство.

Видот на информациите што ќе се собираат и како тие би можеле да се користат го привлекоа вниманието на набљудувачите на технологија.

„Можеме да ги користиме информациите што ги собираме за да ги обучиме нашите модели за машинско учење или вештачка интелигенција за целите наведени во оваа политика“, неодамна компанијата додаде во својата онлајн политика за приватност.

Сепак, не е сосема јасно кои се тие цели, надвор од автентикацијата и работењето на услугите, а дефиницијата на X за биометриските податоци нема специфики.

На пример, американското Министерство за домашна безбедност ги дефинира биометриските податоци како „уникатни физички карактеристики, како отпечатоци од прсти, кои можат да се користат за автоматска идентификација“.

Х исто така има намера да снима податоци за образовното ниво и работното искуство на своите корисници. Според Х, тие податоци ќе се користат за предлагање работни места. Промената на практиката ќе започне на крајот на септември.

Маск, кој исто така е сопственик на компанијата за електрични автомобили Тесла и вселенската компанија SpaceX, во јули најави лансирање на нова компанија xAI, „за да се разбере реалноста“.

Сепак, пред неколку месеци тој потпиша отворено писмо заедно со други водечки технолошки пионери во кое повикуваат на пауза во развојот на вештачката интелигенција додека технологијата не биде подобро разбрана.

Во четвртокот, Маск објави порака на X која се чини дека има за цел да ги смири корисниците, загрижени за личната приватност.

„Само информации од јавен карактер, а не приватни пораки или нешто лично“, напишал тој.

Слични објави

Хороскоп за 2 февруари: Раковите да не се расфрлаат со пари!

Еспресо

„Мојата бременост ќе го врати“: Каспер летна за Америка, Мина Костиќ го бакнува

Еспресо

„Тој ниту кафе на сака да плати, а камоли 250.000 евра“: Милиќ Вукашиновиќ „удри“ по Горан Бреговиќ

Еспресо

Ана Николиќ тајно ги оперирала градите: Ги намалила силиконите, за што платила 5.000 евра

Еспресо

(Фото) Јелена Ѓоковиќ ја крена Србија на нозе со ноќна порака, еве што напиша таа

Еспресо

(Фото) Парис Хилтон ја ископира Јелена Карлеуша: Стајлингот од 10.000 евра го облекла пет дена подоцна

Еспресо
Се вчитува....