20:39 - 11 април, 2026

ИДЕИТЕ на Илон Маск за Твитер: Претплата за комерцијални корисници, повеќе забава и инклузивност, а на берза во 2025!

Шефот на Тесла ја унапредува хипотезата за наплата на „мала претплата“ за комерцијалните и државните корисници на Твитер. Во меѓувреме, тој размислува да го стави на берза Твитер во рок од три години, замислувајќи го како „што е можно поинклузивен и забавен“.

Илон Маск се „загрева“ и најавува: „Твитер секогаш ќе биде бесплатен за случајните корисници, но можеби со мала претплата за комерцијалните и владините корисници“.

Покрај оваа идеја на  овиот сопственик на Твитер, мултимијардерот сака да ја стави на берза социјалната мрежа во рок од три години. Ова го објави Волстрит џурнал, повикувајќи се на извори блиски до шефот на Тесла, кој наводно им рекол на инвеститорите дека може да ја врати компанијата на Вол Стрит до 2025 година.

Маск вчера, исто така, објави дека сака да ја направи Твитер -платформата „што е можно поинклузивна, а тоа значи да ѝ понуди транспарентност на јавноста“, како и да ја направи „поинтересна и забавна“. Изјавите на најбогатиот човек на светот беа дадени на настанот Мет Гала во Њујорк, на кој присуствуваше со својата мајка Маје (74), поранешна канадско-јужноафриканска манекенка.

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....