-2.2 C
Скопје
19:43 - 19 февруари, 2025

Хороскоп за 16 февруари: Овните ќе пливаат во пари, Раковите ќе работат со странство, а вие?

Овен

Задоволни сте со приливот на финансии. Тие ви даваа поттик потребен за решавање на проблемите. Имате желба да се опуштите и да уживате во друштво на партнерот, но тој е премногу нервозен. Одлично ви е здравјето.

Бик

Ве очекува изненадувачки трошок кој малку ќе ве исфрли од колосек, затоа што воопшто не сте го планирале. Ако сте слободни, следува ново познанство кое има потенцијал да прерасне во стабилна врска. Добро се чувствувате.

Близнаци

Ментално сте активни. Правите грандиозни работни планови, но не ги откривате на другите. Минувате време запознавајќи ја подобро симпатијата. Она што го дознавате, не ви се допаѓа. Одлично здравје.

Рак

Комуникативни сте и прилагодливи. Заедничкиот проект со странците е во полн замав. Пасивни сте на емотивно поле така што тука нема никакви случувања. Можни проблеми со жолчката.

Лав

Амбициозни сте и во план ви е почеток на работна соработка со соработници од странство. Емотивно не сте исполнети и посакувате да влезете во нова врска. Можни болки во долниот дел на грбот.

Девица

Не сте задоволни од комуникациите со колегите. Ви смета тоа што другата страна не сака да ги признае вашите добри идеи. Брачниот партнер забележува дека сте раздразливи, па ви се тргнува од патот. Многу сте нервозни.

Вага

Ако се занимавате со приватна работа, полни со оптмизам правите работни планови. Вагите во брак имаат впечаток дека партнерот не е целосно посветен на нивната заедница. Задоволително здравје.

Скорпија

Преговорите нема да одат лесно и мазно. Доста сте цврсти и не сакате да отстапите. Доколку сте во брак, задоволни сте од односот со партнерот. Здравјето не е најдобро. Изморени сте и ви треба одмор.

Стрелец

Ако се занимавате со приватна работа, размислувате за почнување на паралелна работа. Стрелците во брак уживаат во времето минато со партнерот. Реагирате импулсивно. Внимавајте во сообраќајот.

Јарец

Комуникацијата ви е слаба точка. Никако да најдете заеднички јазик со колегите. Немате проблеми во комуникациите со саканата личност. Ви годи опуштена атмосфера. Стабилно здравје.

Водолија

Пробувате да ја подобрите соработката со колегата, но не успевате во тоа. Ако сте во врска,  потребна е ситница за да избувнете и направите сцена. Нервозни сте, раздразливи сте, а тоа ви се одразува на здравјето.

Риби

Мошне сте прилагодливи и дипломатични, така што без никаков отпор ги прифаќате промените на работа. Ако сте во брак, ќе бидете загрижени за партнерот. Тој е напнат и ќе се обидете да му го кренете расположението. Ве следи добро здравје.

Слични објави

(Фото) „Среќен роденден на мојата кралица“: Светлана Црнокрак наполни 49 години!

Еспресо

„Наскоро ќе наполнам 80 години, би разбрала ако сака да замине“: Славната српска дизајнерка за врската со 35 години помладиот партнер

Еспресо

Откриено е што се случило на денот на апсењето на вереникот на Милица Тодоровиќ: Пејачката за влакно избегна сериозна неволја

Еспресо

Пет причини зошто да ја одберете Европска очна болница: Персонализирани третмани и иновативни решенија за оптимален вид

Еспресо

(Видео) „Само љубов во три смени“: Сопругата на Огњен Амиџиќ запеа, се снимаше во автомобил – без трошка шминка

Еспресо

(Фото) Десингерица во сред емисија ѝ изјави љубов на Маја Николиќ: „Те сакам, многу си убава!“

Еспресо
Се вчитува....