6.8 C
Скопје
07:52 - 21 февруари, 2026

Хирург откри какви пластични операција направила Мадона: Најмалку 12 интервенции на лицето

65-годишната ѕвезда Мадона моментално се подготвува за светска турнеја. Таа претходно ги одложи бројните концерти поради престојот на одделението за интензивна нега. А за време на викендот таа сподели ново видео кое предизвика сериозна загриженост кај нејзините обожаватели.

Пластичниот хирург Бери Вајнтрауб откри какви промени и третмани претрпела поп ѕвездата Мадона низ годините. Лекарот зборуваше за ова во интервју за MailOnline.

Хирург гледајќи ги фотографиите на пејачката кога била помлада и новите фотографии, откри најмалку 12 различни промени.

Докторот првично укажа на подигнување на веѓите, истакнувајќи дека на последните фотографии нејзините веѓи биле „повисоки отколку во 1986 година“. Тој исто така истакна дека Мадона ги изгубила дупчињата на лицето, најверојатно поради филери, и дека ги корегирала очните капаци за да им даде помладешки изглед.

Понатаму, како што објаснува докторот, Мадона инјектирала и ботокс околу очите и челото бидејќи се мазни и без брчки, а познатата бенка на пејачката над нејзината усна сега е многу понеочигледна од порано.

Според пластичниот хирург, Мадона направила барем една операција на носот. Тој истакна дека на фотографијата од 1986 година што ја анализирал, „врвот на носот е затапен, а ноздрите не се заоблени“. Потоа рече: „Но, сега носот е позашилен. И ако погледнете внимателно, левата ноздра е исто така малку повисока од десната“.

Покрај ботоксот, пејачката имала и повеќекратни инјекции со филери, бидејќи јаготките и биле „многу, многу пополни“. Ова е резултат не само на филери, туку и на примена на „инјекции со масти или полнила“.

Докторот потоа додава дека усните на Мадона се „ненормални“ и ништо слично на усните што ги имала во 80-тите, а можеби има додадено филер и на линијата на вилицата. Понатаму, пејачката го подигнала вратот и употербувала ласерски интервенции.

Да потсетиме, Мадона не стана кралица на попот преку ноќ. Во текот на неколку децении, таа ја заслужи оваа титула со напорна работа, добра музика и многу контроверзни прашања.

Слични објави

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо
Се вчитува....