11.8 C
Скопје
01:15 - 4 мај, 2024

Огнен Здравковски ги оправдува музичките гени на Џорлеви: Тежнеам да останам скромен и свој

Младиот музичар веќе работи на наследството од својот вујко, Зоран Џорлев, и дедо си, Наско Џорлев – преработка и изведба на македонски народни песни. Во меѓувреме, го кали сопственото име на пат меѓу Србија и родната Македонија.

Виолината ми е прва љубов, свирев виолина во нижо музичко училиште, но поради здравствени причини, повреда, прекинав и продолжив со пеење.

Израснат e во музичко семејство. Неговиот дедо, Наско Џорлев, е еден од најголемите композитори и аранжери на македонски народни песни, за неговиот вујко пак, Зоран Џорлев, исто така, не треба претставување. Нивниот наследник Огнен Здравковски цврсто гази на музиката сцената, докажувајќи дека крвта не е вода.

„Најреќен сум што сум потомок од моето семејство и што продолжувам по истите чекори што оделе моите. Цел живот сум растел со музика, почнувајќи од класика, до народно, до забавно, џез и секаков друг стил на музика. Виолината ми е прва љубов, свирев виолина во нижо музичко училиште, но поради здравствени причини, повреда, прекинав и продолжив со пеење. Моите отсекогаш ми зборувале да си останам скромен и свој, да не дозволам да ме смени кариерата“, ни раскажува Огнен на почетокот на разговорот.

И навистина е таков. Убаво, но скромно момче од чие лице зрачи нежна уметничка душа, со кого можеш да „завртиш“ билокаков муабет.

На средината на септември ја објави новата песна „Километри“ која за кратко време стана вирална на социјалните мрежи. Зошто одлучи да се снима песната прво на српски јазик, во соработка со српски имиња од музичката индустрија?

– Мојата кариера почна во Србија со моето појавување во „Ѕвездите на Гранд“. Имам потпишано договор со „Гранд Продукција“, и затоа одлучив оваа песна да биде на српски јазик. Но јас си снимам и ќе продолжам да снимам песни на македонски јазик. Сепак сум Македонец, роден сум во Македонија.

Да се вратиме наназад на твоите почетоци на кариерата кои се случија со учество на музичкиот натрпевар „Ѕвездите на Гранд“, каде брзо ги освои симпатиите на публиката и жирито. Што научи од ова искуство и од соработката со твојата менторка Марија Шерифовиќ?

– „Ѕвездите на Гранд“ и моето појавување на таа сцена беше едно од најголемите искуства во мојата кариера. Марија е мој идол, отсекогаш имав желба да имам соработка со неа и, фала му на Бога, ми се исполни. Од неа научив многу работи, почнувајќи од пеењето, за сцената, за однесувањето како да останеш свој, и многу совети надвор од пеењето и кариерата, за приватниот живот.

Не е мал бројот на македонски пејачи кои среќата си ја пробуваат на српски музички натрпевари. Сметаш ли дека кај нас недостига поддршка за промоција на млади музички имиња?

– Мислам дека недостасува некое талент шоу или било каква поддршка за млади таленти, што ќе им биде отскок и помош во кариерата.

Неодамна, како дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“ ја изведе песната „Земјо македонска“, која најмногу ја паметиме по исклучителниот глас на Васка Илиева. Размислуваш ли за преработка и изведба на композиции од дедо ти?

– Се разбира. Тоа веќе е во план уште одамна. И додека беше жив вујко ми почнавме да работиме на тоа, но сега остснува на мене, и се надевам дека за брзо ќе биде готов тој проект.

На што си креативно фокусиран сега?

– Моментно само на мојата карера, на снимање нови песни, спотови, па здравје боже и на мојот прв албум.

Во спотовите си опкружен со убави девојки, што во приватниот живот бараш кај една девојка која би можела да ти стане партнерка?

– Пред сè да биде скромна и искрена, да ме разбира, и да ми биде поддршка во мојата работа, па потоа сè останато.

Кој е Огнен приватно, на што се радува, што го плаши, а што го нервира?

– Каков што сум професионално, таков сум и приватно. Ретко имам слободно време поради обврските, но кога можам, сакам да седнам на дружење со другарите и да се опуштиме да наздравиме, дали е тоа домашна атмосфера, дали некоја кафеана, не менува. Најмногу се радувам кога ќе видам дека моите најблиски се здрави, живи и среќни. Најмногу се плашам од височина, а најмногу се нервирам од неискреност и лицемерност.

Фото – приватна архива

Слични објави

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо
Се вчитува....