5.8 C
Скопје
05:53 - 1 април, 2026

Хејли Бибер ја сподели нејзината „СОВРШЕНА БУРА“: „Кога Џастин ме праша што ми е, сфатив дека не можам да зборувам!“

Со видео на You Tube, Хејли Бибер на фановите им ги раскажа деталите од мозочниот удар што ја погоди утрото на 10 март, кога одеднаш и се слоши додека појадуваше.

„Седев на маса со Џастин, нормално разговаравме за време на појадокот, кога почувствував чудна сензација во десната рака, од рамото до прстите на раката, кои беа вкочанети. И кога мојот сопруг ме праша што ми е, сфатив дека не можам да зборувам “, рече 25-годишната манекенка.

„Целата десна страна на лицето ми беше блокирана, не можев да кажам ниту збор и веднаш помислив на мозочен удар“.

Блокирањето на мускулите на лицето траело околу 30 секунди, но Бибер, која веднаш била спасена од соседот лекар и брзата помош која веднаш стасала,  продолжила да не може да зборува „поради стравот и вознемиреноста“.

Кога пристигнала во собата за итни случаи, ситуацијата веќе била подобрена, но лекарите сепак сакале да ја задржат под опсервација барем една ноќ и да ја подложат на серија тестови за да разберат што го предизвикало згрутчувањето на крвта што ја предизвикало исхемијата.

На крајот се покажало дека има три причини за потеклото на проблемот: Ковид, џет -проблем предизвикано од долго патување (таа летала од Париз до Лос Анџелес и назад во рок од неколку дена) и пред сè – програмата за контрола на раѓање што Хејли почнала да ја следи без да се консултира со својот лекар. Трите фактори, според здравствените работници, создале „совршена бура“.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....