00:37 - 6 април, 2026

Хаос во „Ѕвездите на Гранд“! Марија Шерифовиќ полуде, ја напушти емисијата, Кеба ја исфрли од контрола!

Бурните расправии на жирито се сè почести во српското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а во емисијата што следува, Марија Шерифовиќ во еден момент ја напуштила емисијата поради Драган Којиќ Кеба.

Имено, во следната емисија во жирито ќе биде и Драган Којиќ Кеба на местото на Снежана Ѓуришиќ, кој толку многу успеал да ја испровоцира Марија Шерифовиќ што таа поради него го напуштила шоуто.

Драган Стојковиќ Босанац уште еднаш предизвикал вистинска бура со само една реченица која довела до расправија меѓу Вики Миљковиќ и Александар Милиќ Мили.

– Ништо не беше добро, најлошиот пар вечерва – рекол Босанац.

Вики веднаш му одговорила на колегата, но во расправијата се вклучил и Мили и го извлекол најдебелиот крај.

– Најлесно е да даваш гласови и само да „плукаш“ и да одиш контра. Покажи ми ти што знаеш, еве го овој. Ти не знаеш да слушаш, треба да ти се провери слухот. Блазе си му на оној кој рано полудел, а овој човек полудел на не знам колку години“, рекла Вики, додека Мили одговорил:

– Јас продуцирам вокали – рекол тој, додека Вики додала дека Мили е глув како топ.

Оваа расправија не ѝ се допаднала на Марија Шерифовиќ, која порачала да им ги исклучат микрофоните на Мили и Вики, а потоа Кеба целосно ја исфрлил од рамнотежа.

Кеба пеел, како и во секоја емисија, а тоа толку ја изнервирало Марија што го напуштила снимањето на емисијата.

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....