0.8 C
Скопје
05:01 - 14 март, 2026

Хаос во судницата во Белград: Судењето на Мика Алексиќ поради силување одложено, влошено му е здравјето

Во Високиот суд во Белград денеска беше одложено судењето на сопственикот на актерското училиште, Мирослав Алексиќ, обвинет за силување и сексуално вознемирување на неколку ученички на тоа училиште, драмското студио „Ствар срца“.

Судењето е одложено поради здравствената состојба на обвинетиот кој не присуствувал на денешното судење. Неговиот адвокат Зоран Јаковљевиќ пред судијата навел дека состојбата на Алексиќ се влошила кога таткото на српската актерка Милена Радуловиќ, како што тврди, „физички ја нападнал“ сопругата на Алексиќ.

На ова тврдење публиката бурно реагирала, поради што судијата ги опоменал, а Јаковљевиќ им рекол на тоа „многу сте храбри во толпата“.

Судијата наредил, со оглед на тоа што Алексиќ почнал да прима хемотерапија, да се дополни вештачењето за да се утврди дали е способен да присуствува и да го следи судењето.

Претходното судење, кое се одржало во петокот, кратко траело, бидејќи исто така било одложено поради здравствената состојба на Алексиќ.

Алексиќ е обвинет за четири кривични дела силување, од кои две се во продолжено траење и пет кривични дела сексуално вознемирување, од кои две се исто така квалификувани во продолжено траење.

Српската актерка Милена Радуловиќ прва го пријави за сексуално злоставување, а набрзо кон обвинувањата против него се придружиле и Ива Илинчиќ и други девојки.

Инаку, на денешното рочиште дошла и Милена Радуловиќ.

Алексиќ беше уапсен на 16 јануари 2021 година и до 10 септември беше во притвор, кој потоа му беше заменет со куќен притвор со електронски надзор, по што на 10 март му беше укинат куќниот притвор.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....