7.8 C
Скопје
10:26 - 1 април, 2026

Грчкиот премиер Мицотакис: Путин е виновен за растот на цените низ светот и конкретно во Грција

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е одговорен за растот на цените ширум светот и конкретно во неговата земја. Ова го пренесува ТВ каналот АНТ1.

Во рамките на интервјуто, новинарот забележа дека сегашното поскапување опозицијата го нарекува „високата цена на Мицотакис“, а го праша грчкиот премиер зошто владата не го намалува ДДВ-то дури и за некои основни производи.

Според Мицотакис, толку високи цени биле забележана пред 40 години и властите дефинитивно ќе го решат овој проблем. Но, премиерот ја критикуваше изјавата на опозицијата.

„Нема „висока цена на Мицотакис“, има „висока цена на Путин“. Затоа што ако имаше „висока цена на Мицотакис“, тогаш ќе имаше и „висока цена на Макрон“, „висока цена на Бајден“, „висока цена на Шолц“ и сите други аналогно“, рече тој.

Претходно Мицотакис изјави дека санкциите против Русија се правилна одлука и покрај недостигот на руски туристи во Грција.

Според него, Грција не им забранила на руските туристи да доаѓаат, но практично никој од нив не ја посетил земјата годинава.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....