07:17 - 30 јануари, 2026

„Големината не е важна ако партнерот знае што прави“: Гоца Тржан опиша како сака да води љубов

Пејачката Гоца Тржан отворено зборуваше на темата интимни врски, не двоумејќи се да го изнесе своето мислење и искуства.

Гоца, која му прости на својот сопруг Радомир Новаковиќ за неверството со учесничка во ријалити шоу, призна дека со тек на годините претпочита пократок, но поинтензивен секс.

– Како што влегуваш во некои години, гледаш тоа да биде брзо, едноставно и лесно. Не можам да ги поднесам овие четиричасовни „удирачи“. Оние што мислат дека знаат нешто – немаат поим – изјави таа.

Пејачката не застана тука, туку отворено коментираше и за мажите кои користат стимуланси.

– Има будали кои се на цијалис, камаграми, вијагра… Се дружам со мажи кои разговараат со мене како да сум еден од нив – искрено додаде таа.

Гоца е позната по својата сурова искреност и подготвеност јавно да зборува за теми што многумина ги избегнуваат. Неодамна, таа проговори на истава тема.

– Големината не е важна ако партнерот знае што прави. Кога бев помлада, експериментирав и имав интимни односи на разни места, но сега сум најопуштена во спалната соба. Гледам дека луѓето сè уште се згрозуваат кога некој отворено зборува за секс, но мислам дека тоа е важна тема за сите нас. Родителите треба да разговараат со своите деца за ова, за подоцна да не дојде до некои ситуации кои се многу потешки за поднесување – заклучи Гоца, пишува Информер.рс.

Слични објави

Пејачката откри дали се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во емисијата: „Таа многу ме повреди“

E.A.

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо

(Фото) Која е ќерката на Драган Бјелогрлиќ? Во врска е со српски заводник кој го поврзуваа со 18 години постара Хрватка

Еспресо

Душица Јаковљевиќ призна: „Им реков на децата: ‘Што мислите, да станам лезбијка?’“

E.A.

(Фото) Сергеј Трифуновиќ ја покажа сопругата без шминка: Фановите воодушевени од нејзиниот природен изглед!

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Европските клинички стандарди во пракса

Еспресо
Се вчитува....