9.9 C
Скопје
16:24 - 18 декември, 2024

Голема ретроспективна изложба на сликарот Мирослав Масин е поставена во Даутпашин амам

Ретроспективната изложба на извонредниот македонски сликар и еден од ретките боеми кај нас Мирослав Масин, со наслов „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“, ќе биде отворена во објектот Даутпашин амам на 15 мај, во 20 часот.

Изложба на Мирослав Масин не е само прослава на уметноста; таа претставува и почит кон креативноста, страста, искреноста, доследноста и визијата на уметникот чии дела оставиле неизбришлива трага на македонската ликовна сцена.

– Патувањето на Мирослав Масин како уметник е придружено со едно длабоко истражување, но и непоколеблива посветеност. Преку неговите слики, тој нѐ кани во свет каде што боите танцуваат, емоциите зборуваат, а имагинацијата нема граници. Секој потег на неговата четка е проткаен со чувство за цел, одраз на неговата длабока поврзаност со неговиот занает и неговата околина. Уште од неговите почетоци Масин иницираше студија за интеракцијата помеѓу луѓето и природата. Како дел од ова истражување, тој посвети значително време на набљудување и претставување на птици, мајмуни, риби, но создаде и свои креатури кои се своевидна комбинација на анимално-човечки специфики.

Со овие теми предадени со нему својствен и забавен експресионистички стил, истражува длабоки егзистенцијално-социјални прашања, како што се потеклото на постоењето, природата на човечките вредности и илузиите, фиксациите и погледите кои го обликуваат нашиот вид – истакнува Дита Старова Ќерими, директорка на Националната галерија.

Изложбата беше најавена на прес-конференција со авторот, на која учествуваат кураторката Маја Чанкуловска – Михајловска, виш кустос во Националната галерија, и Дита Старова Ќерими, директорка на Националната галерија.

Кураторката Маја Чанкуловска – Михајловска појаснува дека изложбата е составена од 141 ликовно дело и 9 објекти врз кои Масин интервенирал со своите препознатливи бои. На изложбата се претставени дела од сите фази на Масин во изминатите 40 години.

Сликарот Мирослав Масин на прес-конференцијата истакна дека целиот живот го живее само со сликарството. Рече дека нема ниту еден ден работен стаж, а на почетокот, кога не го знаеле како сликар, било многу тешко, но сега ги живее плодовите на „тешкото“. Додаде дека успеал да издржи да не прави ништо друго, освен да се занимава со сликање.

– Надвор од платното, наследството на Мирослав Масин се протега надалеку и нашироко. Тој не е само сликар; тој е раскажувач, филозоф и светилник на инспирација за генерациите што доаѓаат. Неговата уметност служи како потсетник на моќта на креативноста да трансформира, да нè подигне и да нè обедини во нашата заедничка човечност, а тој како индивидуален пример докажува дека уметноста како професија и животна философија е можна – посочува Дита Старова Ќерими.

Изложбата е дел од Годишната програма на Националната галерија за 2024 година и е финансиски поддржана од Министерството за култура, а како спонзори се појавуваат: „Скечерс“, ресторани „Амиго“, „Де Ниро“ – Битола и „Дајнерс Македонија“. Изложбата ќе биде отворена до 15 јуни 2024 година.

Слични објави

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо
Се вчитува....