11.8 C
Скопје
11:15 - 6 март, 2026

Ѓоле Ѓогани секси и фит на плажа! И во седмата деценија, секој мускул му се оцртува

Дека посилниот пол и тоа како може да изгледа фит и тонирано и во седмата деценија од животот, доказ е Ѓоле Ѓогани.

Популарниот музичар внимателно се грижи за своето тело, а доказ за тоа се фотографиите кои ги објави српски „Курир“. Ѓогани на 1 јули ќе наполни 64 години и е во фантастична форма. За да го постигне тоа, тој води здрав начин на живот: редовно јаде, редовно спие и тренира колку што му треба. Затоа резултатите може да се видат од приложените фотографии, кои можете да ги погледнете ТУКА.

Фотографиите се направени за време на нивниот одмор со сопругата Весна во Црна Гора, каде семејството ги поминува последните неколку години во еден од најлуксузните хотели во Бечиќи.

Интересни се и коментарите на социјалните мрежи секогаш кога сопругата на Ѓоле, Весна ќе објави заеднички моменти. Како што истакна еден од обожавателите на оваа двојка во коментарите на Инстаграм, Ѓоле е отров за жените, а Весна изгледа подеднакво феноменално. Сопружниците со задоволство покажуваат дека сѐ уште се заљубени како првиот ден, а судејќи по фотографиите, страста меѓу нив е исто толку жива. Ѓоле не само што е активен кога се тренинзите во прашање, туку напорно работи и на нови песни кои наскоро ќе ја видат светлината на денот.

– Никогаш не сакав да трошам пари на глупости и секогаш инвестирав во себе и својот изглед. Денеска одам само два пати неделно во теретана и тоа е доволно за да изгледам вака. Вежбам и танцувам цел живот и моето тело го меморираше сето тоа, така што денес не морам многу да работам на моето тело за да изгледам вака. Важно е и да живеам здраво, не пушам, не пијам, рано си легнувам. Потребно е малку одрекување за да бидеш убав, тоа е неизбежно – објасни Ѓоле.

Слични објави

Деколте и елеганција во црно: Ретка заедничка слика на Лила и Катарина Ивановска

msp-admin

Уште ја прогонуваат последните зборови на Шабан: Исповед на сопругата Гоца

Еспресо

(Фото) Се подмлади и ослабе: Голема промена кај водителката Здравкица

msp-admin

(Видео) Цеца раскажа приватна приказна за неа, откри колку време поминува во кујна

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 март: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Ѕвездите ви шепотат: Вашиот астроводич за совршен викенд

Еспресо
Се вчитува....