9.8 C
Скопје
12:25 - 31 март, 2026

Гоца Тржан го обвини сопругот: Имаме три фирми, но тој троши пари како да е жена

Српската пејачка Гоца Тржан призна дека не е од оние луѓе кои знаат да управуваат со парите и дека често троши непотребно, но дека полош од нејзе е нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ кој го обвини дека троши како вистинска жена.

– Пораснав во семејство каде што немаше поделба, мајка ми беше таа што ги плаќаше сите сметки, вадеше пари од сметката на татко ми и сите пари ги чуваше во една тегла над телевизорот. Кога требаше нешто да се плати, се знаеше каде се парите. Ја немам таа поделба, ова е мое, ова е твое. Раша штеди пари, имаме три фирми, но знае да троши како вистинска жена. Заработуваме заедно и не сакам да се делиме со тоа кој заработил повеќе, кој донел повеќе. Сме го прошетале светот, секогаш имаме леб и јогурт и тоа ни е доволно – рекла Гоца.

Додала дека е среќна затоа што покрај себе има партнер кој не очекува да се трансформира во девојка, туку прифаќа таа каква што е.

– Од баба до мало девојче, ниту можам, ниту сакам. Раша знае дека покрај себе има сопруга која следната година ќе наполни 50 години и тоа не му пречи и не го вознемирува. Раша знае дека покрај себе има жена која следната година ќе наполни педесет години и тоа не му пречи и не го вознемирува. Ме сака таква каква што сум и тоа е голема среќа за една жена. Најмалку го интересира мојата физичка убавина. Ја советувам ќерка ми, а и сите девојки, да бараат маж кој ќе ги сака такви какви што се, да не се нагласува дека има мозолчиња и дали ќе и се допадне со или без шминка. Знаев дека Раша е тој и за сè сум му благодарна- вели таа.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо
Се вчитува....