5.8 C
Скопје
05:05 - 1 април, 2026

Го врти Роберт де Ниро околу прст: „Откако му роди бебе, девојката на глумецот му стана шеф“

Роберт де Ниро и неговата девојка Тифани Чен штотуку добија бебе, а луѓето ја опишуваат како строга личност која ДеНиро го врти околу прстот.

Извори кои се блиски до парот велат дека тоа што таа ќе каже – така и ќе биде, па ѕвездата е сега задолжена и за менување пелени, а ѝ самиот на шега веќе го признал тоа.

Ќерката на Роберт ДеНиро по име Гиа добива се што ѝ треба од познатиот актер бидејќи тој го поминува целото време со неа, додека Тифани знае да излезе на шопинг или со пријателките и да се релаксира.

Според Радар онлајн, ДеНиро нема потпишано никакви нови проекти ниту планира наскоро да се приклучи на некоја продукциска компанија бидејќи е целосно посветен на грижата за бебето Гиа и не знае каде му е главата од домашни обврски.

Тифани наводно го има под целосна контрола „Тифани можеби изгледа кротко во јавноста, но зад сцената го натера да јаде од нејзината дланка“, вели извор близок до парот за Радар онлајн. „Тој отсекогаш бараше жени кои се жестоки, достоинствени и паметни“.

Изворот дополни: „Таа му е шеф, но секој може да види дека е среќен. Боб ретко покажува емоции во јавноста, но неговите пријатели ќе ви кажат дека е многу возбуден што повторно стана татко – дури и на негова возраст, постојано го држи бебето в раце“, вели и напоменува дека Тифани е сигурна во друштво на Роберт и не се чувствува фрустрирано од нивната разлика во години.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....