16:40 - 26 август, 2026

„Го издржувам, некои велат дека е со мене за пари“: Верица Ракочевиќ откри сѐ за приходите на нејзиниот 35 години помлад сопруг

Бракот на Верица Ракочевиќ и Вељко Кузманчевиќ долго време ја интригира јавноста поради големата разлика во годините. Имено, дизајнерката е 35 години постара од својот сопруг, а во едно интервју изјави дека го издржува.

– Вистина е, го издржуват. Тоа е факт, ако некому му смета. Мислам дека многу поголема трагедија на ова општество е што човек со таков потенцијал работи за плата од 35.000 динари и нема можност да покаже колку знае и е способен. Не знам како другите жени гледаат на финансиите, но за мене е нормално партнерите да ги делат приходите во бракот, па и двајцата имаме иста сметка. Така сум воспитана и така живеам. Некои велат дека Вељко е со мене за парите, но сигурна сум дека еден ден ќе има голема кариера и дека нема да ме остави ниту тогаш – изјавила тогаш Верица.

Да потсетиме, свадбата на модната дизајнерка Верица Ракочевиќ и Вељко Кузманчевиќ во 2013 година беше сè само не стандардна. Медиумите со денови зборуваа за нив, а со оглед на тоа што меѓу нив има 35 години разлика во години, многумина им предвидуваа бродолом, што на најдобар можен начин го негираа, со тоа што останаа заедно и се сакаат денес исто како и тогаш.

Слични објави

(Видео) Јована Јеремиќ „пука“ од самодоверба во фустан со длабоко деколте

Еспресо

(Фото) Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ ужива во Дубаи во пресрет на својот 18-ти роденден

Еспресо

Марија Микиќ отворено за новиот партнер и можноста повторно да заплови во брачните води

Е.А.

(Фото) Ништо поубаво од родното место – Гога Секулиќ го однесе својот син во нејзиното село

Еспресо

(Фото) Татјана Стојановска блесна со нов изглед, сопругот Михаил со воодушевување ѝ коментираше

Еспресо

Ретка снимка од Тоше Проески и 13-годишниот Боби Андонов на концерт во Мелбурн

Еспресо
Се вчитува....