2.8 C
Скопје
05:52 - 24 октомври, 2026

ГАСТРО ШЕФ БОБАН БИЛБИЛОВСКИ ВИ ПРЕДЛАГА: Бифтек Велингтон за вистинските гурмани и уживатели во врвна храна!

Во 1815 по победата врз Наполеон, Артур Велсли е назначен за првиот Војвода од Велингтон – Англија. Самиот Артур бил толку многу рамнодушен кон храната што неговите готвачи често велеле дека е залудно што се ангажираат кулинарски таленти во неговиот дом. И покрај тоа, неговата титула е дадена на говедско филе завиткано во лиснато тесто или денес познато како Биф Велингтон.

шеф Бобан Билбиловски, фото – приватна архива

Се подготвува прилично едноставно, а ќе ги воодушевите домашните, но и гостите!

Состојки:

– 1 парче јунешки бифтек

– 500 г готово лиснато тесто

– 250 г печурки

– 8 ленти панчета или пршута

– 1 главица кромид

– 125 мл бело вино

– 1 јајце

– сенф

– масло

– сол и црн пипер

фото – приватна архива

Подготовка:

Месото зачинете го со сол и црн пипер, па ставете го да се пржи во тава со масло. Во текот на пржењето често вртете го за да се испржи еднакво од сите страни. Во тавата во која го пржевте, додајте ги сечканиот кромид и печурки, па пржете ги додека омекнат.

Потоа додајте го виното и оставете да се динста додека испари течноста. На работна површина ставете го лиснатото тесто и расукајте го во голем правоаголник.

Потоа над него распоредете ги лентите панчета (или пршута). Над нив ставете го филот со печурки, па над филот печениот бифтек. Премачкајте го со сенф, а краевите на тестото премачкајте ги со матено јајце. Со хартијата подигнете го тестото од едниот крај и свиткајте ролат. Краевите од тестото затворете ги.

Готовиот ролат премачкајте го со матено јајце и ставете го во плех, заедно со хартијата за печење. Печете во рерна загреана на 180 степени, 40 минути. По печењето нека одмори 5-10 минути, па послужете го топло.

Слични објави

„Не треба само да се оди во естетски салони“: Неда Украден откри како ја одржува витката фигура

Еспресо

„Џабе се потоа станови и скапи школарини“: Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ не отстапуваат од ова златно правило за ќерката Нина

Е.А.

„Пеење се слуша секоја вечер“: Соседите открија што се случува во луксузниот дом на Милан Станковиќ

Е.А.

(Фото) Големо славење во домот на Анѓелка Прпиќ, честитките пристигнуваат, се огласи и нејзината кума

Еспресо

Калиопи искрено проговори за посебниот однос со Ромео Грил: „Слепо му верувам, со него имаме посебна врска повеќе од 40 години“:

Еспресо

Никола Роквиќ за последната година од животот на татко му Маринко: „Од самиот почеток знаевме дека нема помош“

Еспресо
Се вчитува....