02:41 - 13 април, 2026

(Фото)Дијамантски накит за заби: Били Ајлиш се пофали на социјалните мрежи

били ајлиш

Били Ајлиш ги изненади своите фанови покажувајќи го дијамантскиот накит вметнат во забите.

Пејачката (21), позната по низата тетоважи на своето тело, сподели фотографија на „Инстаграм“, на која прави гримаса и одблиску се гледа предниот заб обложен со дијаманти. Во описот на објавата напиша: „Ова не е тоа“.

Фановите коментираа: што по ѓаволите направи со своите заби?, изгледа глупо како ѓавол. Други застанаа во нејзина одбрана: „Може да прави што сака“.

Според медиумите, таа е млада и сè уште сака да експериментира со својот изглед.

Тинејџерската сензација експресно бргу се искачи до врвот на музичката индустрија кога имаше 18 години. Таа е најмладата и единствената музичарка која досега во иста година има освоено статуетки „Греми“ во најважните категории: најдобар млад изведувач, песна на годината, запис на годината и албум на годината.

Били и нејзиниот постар брат Финеас О’Конел се автори на насловната песна за најновиот филм со Џејмс Бонд – „Не е време за умирање“.

Били е најмладата музичарка во историјата, која напишала песна за филм од серијалот 007. Пред неа за насловната нумера беа ангажирани Адел, Мадона, Пол Мекартни, Тина Тарнер и други познати пејачи.

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....