9.8 C
Скопје
17:01 - 26 јануари, 2026

(Фото) Ѕвездите на Канскиот филмски фестивал, божествени изгледи и гламур: Од Кетрин Денев до Кетрин Зита Џонс, Ума Турман, Наоми…

Вчеравечер се случи гламурната церемонија на отворање на 76-тото издание на Канскиот филмски фестивал. Водителката на фестивалот, глумицата Кјара Мастројани (ќерка на Катрин Денев италијанскиот актер Марчело Мастројани) ги пресече почетните ленти со панделки на најгламурозниот настан на Азурниот брег. Златната палма на честа годинава ќе ја добие Мајкл Даглас, а Фестивалот се отвори премиера на драмата од периодот на Луј XV , „Жана де Бари“ (Jeanne du Barry), со Џони Деп.

Помеѓу убавите глумици на црвениот тепих блеснаа и божествените супермодели – од Наоми Кемпбел до Алесандра Амбросио.

Секако, продефилираа и ѕвездите на седмата уметност, а вниманието особено го привлекоа- прекрасната Кетрин Денев, Хелен Мирен, Ел Фенинг, но и пријателките на Кан од блиското Кнежество Монако: Шарлот Казираги и Беатрис Боромео.

Гламурни креации, скап накит, модерни фризури и шминка, ве пренесуваме на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал.

Супермоделката Наоми Кемпбел блесна во сребрена макси креација од Селин со длабоко деколте.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogueenss👑 (@vogueenss)

Шарлот Казираги и нејзината снаа Беатрис Боромео се појавија заедно на црвениот тепих, и двете во прекрасни креации. Боромео носеше фустан од Диор, а Казираги од Шанел.

Кетрин Зита Џонс изгледаше боженствено во црвен романтичен фустан од Ели Сааб.

Ума Турман ја покажа беспрекорната линија во креација од Диор.

Ел Фенинг блесна во кралски стил во креација на Александер Меквин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LE BANANA (@lebananas)

инстаграм

Хелен Мирен се појави во тотално сино драматично издание, син фустан од Делкоре офишл и сина коса.

Инстаграм

Бри Ларсон расположена и преубава во Шанел.

Инстаграм

Супермоделката Алесандра Амброзио во издание на Ели Сааб.

Инстаграм

Легендарната француска глумица Катрин Денев носеше темносина елегантна креација од Луј Витон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Catwalk by L. (@catwalkbyl)

Убавата тајландска актерка Араја Харгејт носеше драмтичен фустан од Жан Пол Готје.

Актерката Еша Гупта дебитираше на црвениот тепих во Кан. Глумицата позната по своите  сензационални модни избори, изгледаше неверојатно во фустан со висок шлиц во боја на слонова коска од дизајнерот Николас Џебран.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by India Today (@indiatoday)

И Џони Деп изгледаше многу елегантно во костим кроен по мерка од британски креатор.

Слични објави

На драмата ѝ нема крај: Познат стилист ја нападна контроверзната снаа на Бекам – „Таа е проблемот““

Еспресо

Драган Маринковиќ Мaца: „Да не сум глумец, ќе бев порно актер“

E.A.

Први фотографии на Карлеуша од станот каде што Душко ги сменил бравите: „Сè е решено, клучевите се вратени“

Еспресо

(Фото) Цеца им честиташе на ватерполистите за златото: „Браво, српски синови, вие сте гордост!“

Еспресо

(Фото+видео) Синот на Брена ужива на Тајланд: Виктор беше во кафез со тигар, а сега јава на ова животно

Еспресо

(Фото) Тони Цетински со емотивна порака се потсети на Тоше Проески: „Недостасуваш секој ден“

Еспресо
Се вчитува....