5.8 C
Скопје
03:11 - 1 април, 2026

(Фото) Ѕирнете во станот на Софија Милошевиќ во Грција кој чини 3.000 евра месечно: Објави фотографии од новиот дом кој „вреска“ луксуз

Софија Милошевиќ конечно покажа како изгледа нејзиниот нов дом во Атина, а луксузните снимки воодушевија многумина.

Фудбалерот Лука Јовиќ и манекенката Софија Милошевиќ неодамна го сменија местото на живеење, а сега на Инстаграм се појавија првите фотографии од нивниот нов дом.

Иако точната локација сè уште не е откриена, се верува дека куќата е во Атина, каде што Лука во моментот игра поради договорот со грчки клуб.

Софија ја објави првата фотографија од новиот дом со зборовите: „Ново поглавје“ и со емотикон куќа.

На објавата се гледа дел од една од собите и простран двор, а судејќи според снимките, во нивниот нов дом доминираат посветли тонови.

Сè е украсено во бели и беж тонови – од лежалки, маси, до плочките околу базенот, додека во позадина може да се види внимателно уредено зеленило кое дополнително придонесува за чувството на мир и приватност.

Софија подоцна сподели фотографија од себе со своите синови не симнувајќи ја насмевката од лицето.

Како што дознаваат српските медиуми, станот што го избрале ќе ги чини дури 3.000 евра месечно. Луксузната недвижност се наоѓа во близина на морето, а на покривот на зградата има и базен, каде што Софија поминува многу време.

 

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....