11:51 - 12 ноември, 2026

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Аца Лукас кој чини неверојатни 500.000 евра

Аца Лукас пред неколку години гостуваше во „Амиџи шоу“ и го покажа својот луксузен стан.

Имено, Лукас живее во белградската населба Вождовац во луксузен стан, а како што се шпекулира во медиумите, пентхаусот е платен за 500.000 евра и судејќи по мебелот, пејачот не штедел при опремувањето на станот. Како што е познато, додека тој беше во брак со Соња, тие живееја заедно во овој стан, како и нивната ќерка Викторија, но по разводот се договорија тој да остане во овој луксуз.

На влезот во станот, од десната страна, има огромна дневна соба во која Лукас го поминува поголемиот дел од своето време. Бидејќи Аца е љубител на видео-игри, џојстиците и игрите се задолжителни.

Секој детал очигледно е специјално избран по вкус на Аца, а не е чудно што во дневната соба има огромен портрет на популарниот пејач. Покрај своите, Лукас на ѕид има и спомени со своите деца, како и цртежи на неговата наследничка Викторија. Во едно ќоше се бројните награди кои Лукас ги добил во текот на неговата богата и успешна кариера.

 

Сè си има свое место во кујната, без премногу детали. Во собата на пејачот во средината има огромен кревет, а на полиците се наоѓаат разни детали како и спомени со најблиските.

Од спалната соба влегувате во огромна бања која е одвоена со стаклен ѕид така што се јасно се гледа од креветот. Пејачот дури има уметнички фотографии во бањата, но и посебни детали за релаксација.

Станот на пејачот Аца Лукас неколку пати беше во центарот на вниманието, почнувајќи од тоа како го купил, на чие име е регистриран, па дури и тоа што на врата тропале извршители. Пејачот никогаш не криел дека позајмил половина милион евра од Саша Поповиќ за да купи стан, а само кога ќе го исплати долгот станот станува сопственост на пејачот, што наводно и го направил.

Слични објави

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.
Се вчитува....