22:29 - 4 април, 2026

(Фото) Жените лудуваат по него: Магазинот „Пипл“ го избра Џонатан Бејли за најсекси маж во светот за 2025 година

Магазинот „Пипл“ го избра британскиот актер Џонатан Бејли (37) за најсекси маж на светот за 2025 година. Бејли стекна светска слава благодарение на улогата на Лорд Ентони Бриџертон во успешната драма на Нетфликс „Бриџертон“, која ја освои публиката ширум светот. После тоа, актерот се префрли во холивудските води и постигна значајни улоги во големи филмски проекти како што се „Светот Јура: Преродба“ (Jurassic World: Rebirth) , „Злобни“ (Wicked) и претстојното продолжение „Злобни: Засекогаш“ (Wicked: For Good).

Бејли го наследи Џон Красински, кој ја имаше оваа титула минатата година. Кога го прашале како се чувствува откако дознал дека е избран за „Најсекси маж на светот“, Бејли за „Пипл“ изјавил: „Ова е огромна чест. Искрено, многу сум поласкан и малку ми е апсурдно.“

Тој додал дека со нетрпение ги очекува реакциите на неговите пријатели и семејство кога ќе дознаат за оваа вест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Бејли потекнува од Оксфордшир, Англија, а својата актерска кариера ја започнал како дете. Подоцна станал познат театарски актер, појавувајќи се во продукции на Кралската „Шекспирова компанија“ (Royal Shakespeare Company) и во лондонскиот „Вест Енд“.

Неговиот телевизиски пробив се случи во серијата „Бродчерч“ (Broadchurch), популарна британска криминалистичка драма, по што доби една од главните улоги во серијата на Нетфликс „Бриџертон“, продуцирана од Шонда Рајмс.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....