1.8 C
Скопје
16:33 - 23 декември, 2024

(Фото) Запознајте го Антонио, страствен колекционер на кошаркарски дресови: Кога едноставните задоволства во животот уриваат светски рекорди

За кошаркарскиот тренер собирањето дресови не е само хоби, туку начин на живот. Љубовта на Антонио кон кошарката го навела да почне да собира дресови од неговите омилени тимови и играчи. Со текот на годините собра импресивна колекција на најразлични дресови, од најактуелни во светот до ретро дресови на клубови кои повеќе не постојат.

За охриѓанецот Антонио Савевски собирањето кошаркарски дресови не е само поседување парче спортски сувенири, туку и зачувување на историјата и наследството на играта. Секој дрес во неговата колекција раскажува приказна, без разлика дали се работи за првенствен натпревар или незаборавен настап на одреден играч. А, има над 350 дресови. Колекцијата на Антонио стана извор на инспирација, секогаш кога ќе ја погледне својата колекција, вели, се потсетува на напорната работа, посветеноста и страста што овие играчи ги вложуваат во играта. Како резултат на тоа, тој се стреми да руши светски рекорди и да ги постигне своите цели и соништа исто како и неговите омилени играчи.

Се надевам дека после реализацијата на документарецот за мојата колекција ќе отпатувам и надвор од Македонија за подигнување на дресови кои би ми ја збогатиле колекцијата со што би станал прв во светов.

Во свет каде технологијата и гаџетите доминираат во нашите животи, љубовта на Антонио кон кошаркарските дресови е освежувачки потсетник за едноставните задоволства во животот. Потсетник дека можеме да најдеме радост и исполнување во работите што ги сакаме, без разлика колку тие на другите им изгледаат мали или безначајни.

Кој е твојот критериум за колекцијата на дресови? Дали има некакви правила или сите дресови се добредојдени?

– Идејата за колекција настана сосема случајно. Тоа што ја сакам, работам и гледам кошарката доведе да имам дресови од сите НБА тимови. Критериум околу дресовите и нивниот квалитет немам, бидејќи сите ми се добредојдени.
Пожелно би било да се од самиот играч кој моментално играл во тимот или во некој друг, па му останал и ми го подарил за мојата колекција. Сепак личните дресови се ценат повеќе.

За кој дрес најмногу си се измачил да го добиеш?

– Немам таков дрес, на еден начин сите се „тешки“ и не можам да издвојам одреден. Патот до секој од нив е тежок, иако можеби не изгледа така.

Ако мора да задржиш само еден дрес од целата колекција, кој би бил тој и зошто?

– Не би можел лесно да се одлучам околу тоа, но мислам дека тоа би бил првиот дрес од Кевин Гарнет што си го купив пред да започнам да ги собирам дресовите.

Дали некогаш си отпатувал некаде специјално за да земеш некој дрес за твојата колекција?

– Па, искрено, лично сакав да подигнам повеќе дресови, претежно тоа било низ градовите на Македонија. Надвор од границите на Македонија сите сите дресови ми пристигнувале преку пошта, а сакам и мислам дека ќе има следен пат кога ќе отпатувам за лично да го земам дресот.

фото – приватна архива

Кој е најнеобичниот дрес што го поседуваш?

– Имам повеќе такви, на пример, дресот од освојувачот на купот во Македонија 2009 година од тимот АМАК СП од Охрид, воедно мојот роден град, дресот на Перо Антиќ кој го носеше лично на квалификациите за Европското 2011, каде направивме најголем успех, дресот на Војдан Стојановски од самото Европско 2011, дресот кој моментално е повлечен од користење во тимот на „Работнички“ со број 13. Дресовите од мојот најдобар другар помеѓу играчите и воедно најголема поддршка околу колекцијата – Филип Бакоч. Дресови од тимови од државава и од надвор кои моментално не постојат како тимовите на „Југопластика“, „Никол Ферт“ од Гостивар и други.

Каде ја чуваш огромната колекција?

– Дома, во специјални плакари, со специјални направи за заштита од инсекти, влага и други работи кои би им штетеле на материјалите, зашто некои од нив се постари од 30 години. По завршувањето на оваа кошаркарска сезона на крајот од јуни планирам да излезе конечно долго очекуваниот документарец околу историјата и почетоците на оваа колекција.

 

Слични објави

Откриени детали од скандалот со Блејк Лајвли што го тресе Холивуд: „Ме гледаше додека бев топлес!“

Еспресо

Откриено кој е човекот со кој Емина Јаховиќ разменува нежности: Се бакнуваше и со Наташа Беквалац!

Еспресо

(Фото) Колку чинеше последниот стајлинг на Пријовиќ од концертот? Го носат најдобро облечените жени во светот

Еспресо

Две години подоцна: Масимо Савиќ и понатаму живее преку својата музика

Еспресо

(Видео) Публиката ја исвирка Тијана Дапчевиќ: Пејачката го поздрави Ивица Дачиќ и наиде на критики!

Еспресо

Александра Пријовиќ го прекина последниот концерт: Свекрвата Зорица, во солзи, целосно скршена

Еспресо
Се вчитува....