7.8 C
Скопје
23:26 - 30 март, 2026

(Фото) Владо Јаневски со последен поздрав до Маја Миа: „Кој не ја познавал тој не знае како е кога убавината е однадвор и одвнатре“

Минатата недела Македонија ја потресе веста за смртта на мејкап артистка и инфлуенсерка од Охрид, Маја Миа, односно Маја Јанеска, која почина во Африка.

Тоа што беше познато за смртта на убавата Македонка го дознававме од африканските медиуми, бидејќи Маја таму била позната не само по нејзината работа, туку и како девојка на тамошни ѕвезди, бонго ѕвездата Оми Димпоз, и комичарот од Танзанија, Идрис Султан, кој исто така ја сподели веста на неговите профили на социјалните мрежи.

Јанеска повеќе од една деценија живеела во Танзанија, имала салон за убавина, а живеела и во Јужна Африка. Последна пристигна веста дека Маја била во врска со извесен Кајл Филипс, ко-директор на компанијата за цигари „Карнилинкс“.

Вчера, на Инстаграм се огласи Владо Јаневски, простувајќи се од Маја.

„Кој не ја познавал тој не знае како е кога убавината е однадвор и одвнатре“, напиша Јаневски.

Претпоставуваме дека сличноста во презимињата е случајна.

Во продолжение, ви носиме фотогалерија од убавата Маја, со краток текст објавен на нашиот портал во 2021 година.

ЛОКУМЧЕ: Охриѓанката Маја Јанеска, светска а наша! Славата и парите никогаш не ѝ удрија во глава! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....