12.8 C
Скопје
10:49 - 25 октомври, 2026

(Фото) Вики Миљковиќ потрошила 10.000 евра на лустери! Ги избрала најскапите во продавницата, со кристали

Српската пејачка Вики Миљковиќ со години живее во луксузен стан со голема тераса во најлуксузната населба во Белград. Станот го украсила по најновата мода и светските стандарди, а како што наведуваат медиумите, само за лустерите потрошила околу 10.000 евра.

Имено, Вики купила шест кристални лустери во еден трговски центар.

Пејачката влегла во продавница со сопругот, а во око ѝ паднале најскапите што постојат и не можела да го тргне погледот од нив. Станува збор за кристални лустери чија цена се движи од 1.000 до дури 3.000 евра.

 

– Едно попладне Вики влегла во продавницата рака под рака со сопругот, а потоа се упатила кон делот каде што биле лустерите и почнала да мери се во ред. Секако, најскапите во таа продавница и привлекоа око и не можеше да го тргне погледот од нив – вели изворот.

– Кога на вработените им рекла дека ѝ требаат шест лустери, сите се изненадиле со оглед на тоа дека сакала да ги купи најскапите. Таа побарала четири големи и два помали за да има по еден во секоја соба. Била пресреќна кога слушнала дека во продавницата има онолку парчиња колку што сака, но нејзиниот сопруг не изгледал толку расположено. Кој би му забележал кога морал да плати 10.000 евра поради нејзината желба за кристални лустери – наведува изворот и посочува дека Миљковиќ како вистинска ѕвезда рекла дека ќе испрати работници да ги земат лустерите доколку тие не можат да ѝ ги достават.

– Покрај тоа што љубезно им се заблагодарила на работниците кои ѝ помогнале во изборот, Вики понудила да дојдат нејзините работници да ги земат лустерите доколку продавницата не може да ги достави во рок од ден-два – заклучува изворот.

Слични објави

Витамините не се најдобрата заштита од настинки и грип, лекар открива што навистина помага

К.С.

Гоца Тржан се присети на дружењето со Тоше Проески: „Имав голема среќа токму со мене да го сними својот прв дует“

Т.Ц.

(Фото) Синот на Брена тргна на пат со девојката: Фотографијата од лифтот привлече внимание, сите гледаат што има на рамото

Еспресо

(Фото) Карлеуша од глава до пети во „Гучи“, од вкупната цифра ќе ви се сврти во главата!

Еспресо

„Каде и да одиме, Верица ме срами“: Вељко Кузманчевиќ се пошегува за сопругата која е 35 години постара од него

Е.А.

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.
Се вчитува....